Интервју со Македонката која руши рекорди на ТикТок и Инстаграм со забавни јазични видеа - Која е Теона Сима (thelanguageblondie)?
- Детали
- понеделник, 14 август 2023
Таа е вистинско освежување на социјалните мрежи! Нејзините јазични забавни видеа ја освоија публиката на Инстаграм и ТикТок за многу краток период. За три месеци со само 16 постови на Инстаграм доби повеќе од 200.000 следбеници, а на ТикТок над 119.000. Која е Теона Сима или позната како @thelanguageblondie?
Девојката која зрачи со позитива и ја прогласуваат за најсветлата точка на социјалните мрежи во Македонија во последно време со задоволство ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com.
Која e Теона?
Јас сум Теона Сима од Скопје. Имам 20 години и студирам новинарство и психологија на Американскиот Универзитет во Бугарија.
Член сум во клубот АУБГ Олимпикс каде што сум водител на спортските настани и натпревари кои ги организираме на факултет и сум водител на подкаст во кој ги интервјуирам моите професори наречен „Office Hours“.
Мојата прва љубов е спортот. Играм тенис, кошарка, одбојка, фудбал, пливам, трчам, скијам - обожавам сè што вклучува физичка активност.
А втората љубов ми се странските јазици.
Колку јазици зборуваш и дали сите ги зборуваш течно? На видеата нам ни изгледа како да се снаоѓаш одлично со сите... Дали си самоука или, пак, ги имаш учено на курсеви, факултет, со работа во странство и сл.?
Течно зборувам 5 јазици, разбирам и водам разговор на уште 3, а можам да звучам како да ги зборувам течно уште 5.
Англискиот го усовршив на факултет бидејќи студирам на англиски, францускиот го усовршив во средно училиште бидејќи учев во француската билингвална паралелка во СУГС „Орце Николов“ и одев на курс за ниво Ц1, а бугарскиот го научив бидејќи живеам во Бугарија. За сите други сум самоука.
Како доаѓаш до идеја за изработка на видеата? Браво и за актерските вештини!
Благодарам многу, мислам дека тие мои актерски вештини и всушност самата вештина за зборување странски јазици произлегува од вештината за имитација. А секој може да имитира, проблемот е само во тоа што многу луѓе не се опуштени, се плашат да се обидат и се осудуваат сами себе кога нешто нема да звучи убаво.
Инаку, како ми доаѓаат идеите навистина не знам.
Некако и од некаде испливуваат до мојата свест. И тоа најчесто се случува пред да заспијам, за потоа да не можам да заспијам. Бидејќи кога ќе ми дојде идеја за видео, буквално почнувам да го правам истото во мислите. Како почнува, што кажувам, како да биде смешно, како завршува...
Овој процес трае доволно за да ме остави без сон таа вечер.
Раскажи ни малку повеќе за развојот на идеите... Колку време ти беше потребно да го снимиш видеото со
View this post on Instagram
На ТикТок ми излезе видео од една девојка која прави видеа со различни англиски акценти и забележав дека тие видеа се многу популарни. Јас дотогаш многу често на „close friends” на Инстаграм ставав видеа каде што зборувам на различни акценти и јазици за да си ги забавувам пријателките, ама не се охрабрував да ги ставам на стори каде што ќе ги видат сите што ме следат.
Бидејќи не сакав со толку луѓе да споделам толку драгоцен дел од мене.
Тие видеа не го содржеа само мојот талент за јазици, туку ме содржеа мене и сето тоа што сум јас. Мојата „лудост“, мојата смисла за хумор, мојот карактер, мојата енергија... А знаеме дека луѓето на Интернетот не се многу љубезни.
Но, во јуни, се охрабрив и решив да се обидам. Знаев дека цело лето ќе бидам слободна, па одлучив дека интересна занимација би ми било да креирам профил и да си ставам видеа за луѓе што ќе сакаат таква содржина.
Целта со thelanguageblondie ми беше да се забавувам за време на летото, а со мене и следбениците. Не држам часови, немам материјална корист, не сакам ништо од моите следбеници освен да ги насмеам, да ги мотивирам да научат нов јазик и да им помогнам во тој процес со моите совети.