Интервју со Македонката која руши рекорди на ТикТок и Инстаграм со забавни јазични видеа - Која е Теона Сима (thelanguageblondie)?

Видеото со вестите ми одзема околу 8 часа. Мислење, пишување скрипта, снимање, преснимување, препреснимување (движењата на Гркинката не беа многу лесни хаха), и најмачното - едитирање.

Македонскиот со различни акценти беше полесно видео за креирање и ми одзема околу 5 часа.

Сама правам сè, ама тоа сè нема шанси да го објавам без да го слушнам мислењето на мојата помудра половина - сестра ми. „Не е добро ова, можеш ти подобро, ајде пак, не е толку смешно, кажи го ова наместо тоа...“

Да не беше Сања до мене како најискрен критичар и најголем фан, немаше ниту да го почнам профилот, ниту ќе имаше кој да ме снима како ја имитирам Гркинката цел час, ниту ќе имаше кој да ме убеди да го вклучам тоа во видеото (ептен ми беше срам). Цаки, те сакам.

makedonkata-koja-gi-osvoi-socijalnite-mrezi-so-zbavni-jazicni-videa-koja-e-teona-sima-09.JPG

Од кои земји ти се најголем број од следбениците и за колку време успеа да ја постигнеш бројката од 100.000 следбеници на Инстаграм и на ТикТок?

Најголем број од следбениците ми се од Турција, а до 100.000 следбеници стигнав за неполни 2 месеци со само 11 постови. Сè уште не ми се верува. За тоа се виновни сите што ме споделуваа на своите профили и сите портали (благодарам CRNOBELO ?). Оваа бројка е заради вас!

И затоа сакам да ви се заблагодарам од срце на сите за целата поддршка, за сите прекрасни коментари и за сите мили пораки што ми ја греат душата и ме мотивираат да продолжам да правам вакви видеа. БЛАГОДАРАМ!

makedonkata-koja-gi-osvoi-socijalnite-mrezi-so-zbavni-jazicni-videa-koja-e-teona-sima-12.PNG

Кое од твоите досега објавени видеа ти е омилено, а кое руши рекорди во гледаност?

Омилено ми е „Вести на различни јазици.“ Најзабавно ми е да зборувам со „глас за на вести“ и ова видео го правев со огромна љубов и задоволство.

Рекорди во гледаност руши второто видео каде што зборувам на индиско-англиски акцент, руски, француски, италијански и турски со 5.4 милиони прегледи на ТикТок.

@thelanguageblondie

11 different personalities 🤣 Check out my previous video for the other languages and follow for more🥰#polyglot #language #languages #languagelearning #indianaccent #turkish #french #italian #russian #accent #accentchallenge #accents #english

♬ original sound - The Language Blondie

На Инстаграм е најуспешно видеото „Од каде сум?“ со 5.2 милиони прегледи.

Што може да очекуваме следно од Теона?

Уште многу забавни видеа, многу совети, многу споредби меѓу различни јазици, многу видеа кои го подучуваат секој јазик посебно, многу имитации (можеби ќе ги имитирам сите од Преспав, можеби не...) и многу нови јазици кои ги немам зборувано во досегашните видеа (арапски, босански, хрватски, романски, кинески...).

Ова е само почетокот!

makedonkata-koja-gi-osvoi-socijalnite-mrezi-so-zbavni-jazicni-videa-koja-e-teona-sima-05.JPG

makedonkata-koja-gi-osvoi-socijalnite-mrezi-so-zbavni-jazicni-videa-koja-e-teona-sima-06.JPG

makedonkata-koja-gi-osvoi-socijalnite-mrezi-so-zbavni-jazicni-videa-koja-e-teona-sima-01.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg