5 импресивни здравствени придобивки од хељдата

Хељдата е хранливо цело зрно за кое многу луѓе сметаат дека е суперхрана. Меѓу нејзините здравствени придобивки, хељдата може да го подобри здравјето на срцето, да поттикне слабеење и да помогне во справувањето со дијабетесот.

5-impresivni-zdravstveni-pridobivki-od-heljdata-01.jpg

Една шолја варена хељда ги содржи следните хранливи материи:

  • 5,68g протеини
  • 1,04g масти
  • 33,5g јаглехидрати
  • 4,5g хранливи влакна
  • 148mg калиум
  • 118mg фосфор
  • 86mg магнезиум
  • 12mg калциум
  • 1,34mg железо

5-impresivni-zdravstveni-pridobivki-od-heljdata-01.png

Исто така, содржи витамини, вклучувајќи:

  • тиамин
  • рибофлавин
  • ниацин
  • фолати
  • витамин К
  • витамин Б-6

5-impresivni-zdravstveni-pridobivki-od-heljdata-02.png

Содржината на антиоксиданти и хранливи влакна во оваа намирница дава голем број значајни здравствени придобивки.

Подобро здравје на срцето

Ова семе помага да се намали нивото на „лошиот холестерол“, а ова се случува бидејќи хељдата содржи рутин - еден вид фитонутриент и антиоксидант кој помага да се стабилизира крвниот притисок и да се намали холестеролот.

Богата е со хранливи влакна

За секоја порција, оваа храна обезбедува 6 грама хранливи влакна. Хранливите влакна помагаат храната да се движи непречено низ дигестивниот тракт и може да ви помогнат да се чувствувате сити подолго време - ова може да биде придобивка ако се обидувате да ослабите.

Не содржи глутен

Иако може да се користи на ист начин како пченица и јачмен, ова семе е природно без глутен, што го прави одличен избор за луѓе со целијакија.

Замената на ова семе со типични житарки што содржат глутен, исто така, може да биде корисно за луѓето кои страдаат од дигестивни нарушувања.

5-impresivni-zdravstveni-pridobivki-od-heljdata-03.png

Намален шеќер во крвта

Во споредба со многу интегрални житарки, хељдата има многу низок гликемиски индекс - тоа значи дека содржината на јаглехидрати полека се апсорбира во крвотокот, обезбедувајќи му на вашето тело постојан проток на енергија.

Со спречување на ненадеен скок на шеќерот во крвта, ова хранливо семе помага во справувањето со дијабетесот.

Помага во борба против некои видови рак

Хељдата содржи антиоксиданти и фенолни соединенија, кои можат да помогнат во борбата против одредени видови рак.

Некои од антиоксидантите кои се наоѓаат во оваа храна вклучуваат флавоноиди кои ги штитат вашите клетки од оштетување oд слободните радикали и го спречуваат воспалението кое може да придонесе за ширење на ракот.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg