Ставате зачини на сува храна и уште 9 чести грешки при готвење со Air Fryer
Ставате зачини на сува храна
Овој уред работи на топол воздух кој струи низ него.
Па, ако ставите зачини на сува храна како, на пример, брокула, топлиот воздух ќе ги разлета.
Можете да го избенете ова ако ставите малку масло на сувата храна за зачините да се „залепат“ на неа.
Не ја превртувате храната
Препорачливо е да ја превртувате храната кога готвите во Air Fryer за да се зготви рамномерно.
Не ја проверувате храната
Постојат различни модели на Air Fryer и ова е нешто што мора да го имате предвид кога следите рецепт.
Можеби на вашиот модел му треба повеќе или помалку време за да го зготви истото јадење.
Па, исто како што ја проверувате храната во рерна, проверувајте ја и во Air Fryer.
Не го чистите правилно
За жал, и ова е уред што морате да го чистите.
Во упатството сигурно имате детална постапка за чистење на вашиот Air Fryer.
Не експериментирате
Во овој уред можете да зготвите толку многу јадења, што нема ни да сакате да вклучите рерна.
Уредот е толку популарен ширум целиот свет, па онлајн лесно ќе најдете рецепти за сè и сешто.
А, можете да пробате и дел од нашите рецепти за Air Fryer, како мини-пици, зачинети пилешки копани, крцкав чипс од тиквички или домашен и здрав чипс од компири.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





