Хит рецепт: Подгответе сами крцкав чипс од компири во Air Fryer
Домашен и здрав чипс од компири - звучи приамливо нели? За подготовка на овој вкусен чипс ќе ви бидат потребни само компири, сол и малку масло за јадење, а можете да ги зачините по сопствен вкус.
Кај нас сè попопуларна станува храната подготвена во апарат за готвење со топол воздух (Air Fryer). Во нашите продавници овие уреди се достапни за секого, а ова е еден рецепт за вкусен чипс што можете да го подготвите сами.
Подготовката на чипс со апарат за готвење со топол воздух е мошне брза, нема да имате потреба од многу масло, а ќе добиете вкусни, крцкави и здрави грицки.
Освен тоа, самите ќе одлучите за тоа колку сол и зачини да додадете, а можете да ги сервирате со сос што веќе го имате во домот.
Состојки:
- 1 голем компир
- 1 лажица масло за јадење
- Сол, зачини по желба
Начин на подготовка:
- Компирите се лупат и се мијат, а потоа со ренде или со обичен нож се сечат на тенки крукчиња. Колку се потенки, толку покрцкав чипс ќе се добие;
- Компирите се потопуваат во ладна вода околу 15 минути.
- На чиста крпа или на хартиена салфета се распоредуваат крукчињата компири и се пребришуваат со друга крпа.
- Откако ќе се исушат, во еден сад компирите се попрскуваат со малку масло за јадење, со распрскувач или рачно.
- Компирите се посолуваат и се зачинуваат по вкус
- Aпаратот за готвење со топол воздух се пушта да се загрее на температура од 100 степени Целзиусови.
- Се распоредува рамномерен слој компири во апаратот и се печат на температура од 100 степени Целзиусови од 15 до 20 минути, а потоа температурата се зголемува на 200 степени Целзиусови и се печат уште 3 до 5 минути за да станат покрцкави.
- На секои 5 минути потребно е компирите да се превртуваат за да се испечат рамномерно.
- Кога чипсот ќе добие златно жолта боја, се вади од апаратот за готвење со топол воздух.
Подетално упатството за подготовка можете да го проследите во приложеното видео:
Б. С. Б. | Црнобело