Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
-->
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и ќе ги обожавате, па зошто да не си ги направите сами?
Еден од најпопуларните шпански десерти можете да го направите сами дома.
-->
Постапката е едноставна и наликува многу на онаа кога правите домашни тулумби.
Како да подготвите вкусни чурос залчиња?
Потребни состојки:
- 1 шолја вода
- 40g путер
- 2 лажици шеќер
- 1 шолја брашно
- 1 лажичка цимет + 3 лажици шеќер
- Масло за пржење
Начин на подготовка:
- Во тенџере на оган ставете ги водата, путерот и 2 лажици шеќер. Мешајте без престан додека не се растопат.
- Кога течноста ќе почне да се згуснува, додајте го брашното. Матете со дрвена лажица додека не добиете мазна смеса и на дното на тенџерето не почне да се формира тенок слој (од брашното).
- Тргнете го тенџерето настрана. Оставете го малку да се излади, па префрлете го во калап за тулумби или ќеса со модла во форма на ѕвезда на дното (која ја користите за ставање шлаг на торти и колачи).
- Во тавче ставете масло и кога ќе се вжешти, ставете ги чурос залчињата да се пржат. Сечете го тестото со ножица, а големината одредете ја од око (околу 3-4cm).
- Штом ќе се испржат, исцедете ги од маслото и ставете ги во сад во кој претходно сте ги споиле циметот со трите лажици шеќер.
- Јадете ги ладни. По желба можете да ги сервирате со крем.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусен колач со боровинки и лимон
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
-->