Брзо и едноставно мезе: Направете 6 мини-пици од Air Fryer, готови за 15 минути
Ќе добиете екстра крцкаво тесто, а мини пиците можете да ги подготвите доколку сакате да поминете опуштена вечер со членовите од семејството.
Апаратот за готвење со топол воздух е мошне популарен во последно време затоа што ви овозможува за брзо време да подготвите брзи и здрави оброци, а може да се најдат голем број вкусни рецепти што можете да ги подготвите во него.
Од пилешко месо, до чипс, во апаратот за готвење со топол воздух можете да подготвите и мини пици, а за подготовката на секоја мини-пица ќе ви бидат потребни околу 3 минути.
Количините на состојките не се определени, сѐ зависи од тоа колку пици сакате да подготвите и какви состојки имате во моментот.
Потребни состојки:
- Готово тесто за пица;
- Сос од домати;
- Парчиња кулен (или друго сувомеснато по ваш избор);
- Рендан кашкавал.
Начин на подготовка:
- Апаратот за готвење со топол воздух се загрева на 200 степени Целзиусови;
- Готовото тесто за пица се става на набрашнета површина и со сукало се истегнува до дебелина од околу 5mm;
- Со чаша или со друг сад, се одвојуваат кругови во согласност со големината на кошницата на вашиот Air Fryer (пицата треба да биде на средина и да има простор од околу);
- Кошницата на апаратот за готвење со топол воздух се прска со масло во распрскувач и внатре се става подготвената мини пица;
- Со виљушка се прават повеќе дупчиња на тестото за подобро да се испече внатре;
- Тестото се пече околу 1 минута од едната страна, а потоа се превртува и се пече дополнителни 30 секунди од другата страна;
- Постапката се повторува со сите кругови што сте ги направиле од готовото тесто за пица;
- Потпеченото тесто се премачкува со доматен сос, му се додава кулен (или друго сувомеснат производ по ваш вкус) и на крај се става рендан кашкавал;
- Вака подготвената пица се пече на температура од 190 степени Целзиусови од 1 до 3 минути или додека кашкавалот не се стопи (слободно можете да ја отворите корпата и да проверите).
Б. С. Б. | Црнобело