Рецепт за летно мезе: Подгответе сами крцкави чипс тиквички во Air Fryer

Рецепт за вкусни и здрави грицки, што можете да ги подготвите сами.

recept-za-letno-meze-podgotvete-sami-krckavi-chips-tikvichki-vo-air-fryer-01.jpg

Во светот, а и кај нас сè попопуларно е приготвувањето на храната во апарат за готвење со топол воздух (Air Fryer).

Во овој апарат освен што можете да подготвите брзи оброци, исто така можете да подготвите и здрави грицки што ќе ги консумирате без грижа на совест.

Ви требаат околу 5 минути за подготвка и 10-тина минути за готвење, а ќе добиете крцкави и здрави грицки што одлично ќе ви послужат и како мезе.

Потребни состојки:

  • 1 поголема тиквичка;
  • Маслиново масло;
  • Сол и црн бибер (по вкус).

recept-za-letno-meze-podgotvete-sami-krckavi-chips-tikvichki-vo-air-fryer-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Тиквичката се мие и со нож се отстрануваат краевите, а потоа со помош на ренде се сечат тенки кругчиња;

    recept-za-letno-meze-podgotvete-sami-krckavi-chips-tikvichki-vo-air-fryer-03.jpg

  • Кругчињата се распоредуваат на хартиена салфета за да се исушат, а со салфета се брише вишокот течност;

    recept-za-letno-meze-podgotvete-sami-krckavi-chips-tikvichki-vo-air-fryer-04.jpg

  • Во длабок сад, тиквичките се попрскуваат со малку маслиново масло, се додава сол и бибер по вкус и се мешаат додека зачините не се распоредат рамнонмерно;

    recept-za-letno-meze-podgotvete-sami-krckavi-chips-tikvichki-vo-air-fryer-05.jpg

  • Тиквичките се распоредуваат рамномерно во претходно загреаниот апарат на топол воздух и се печат на температура од 190 степени Целзиусови околу 4 минути;

    recept-za-letno-meze-podgotvete-sami-krckavi-chips-tikvichki-vo-air-fryer-06.jpg

  • Се превртуваат и се оставаат да се печат уште 4 минути;
  • За најдобар резултат, потребно е да не се ставаат премногу кругчиња наеднаш едно врз друго.

recept-za-letno-meze-podgotvete-sami-krckavi-chips-tikvichki-vo-air-fryer-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg