Хит-рецепт за брз ручек: Зачинети пилешки копани од Air Fryer
Со едноставни зачини и со помош на апарат за готвење со топол воздух можете да подготвите вкусни и сочни пилешки копани. За помалку од половина час ќе имате готов ручек.
Предноста на готвење со апаратот на топол воздух е во тоа што за многу брзо време можете да подготвите брз ручек, без да го потрошите целиот ден во кујна, па токму затоа многумина се одлучуваат за овој кујнски уред.
Со овој рецепт можете да подготвите вкусно пилешко месо за помалку од 30 минути, а дополнително сами одредувате колку и какви зачини ќе искористите.
Потребни состојки:
- Пилешки копани;
- Маслиново масло;
- Зачини (морска сол, црвен пипер, лук во прав, црн бибер).
Начин на подготовка:
- Одмрзнатите пилешки копани се ставаат во длабок сад и се попрскуваат со малку маслиново масло, се посолуваат и им се додаваат зачините;
- Копаните се мешаат додека зачините не се распоредат рамномерно;
- Зачинетите копани се редат во претходно загреан Air Fryer на 200 степени Целзиусови во еден ред и притоа добро е да се остави простор меѓу секој од копаните;
- Се оставаат да се „печат“ околу 22 – 24 минути на температура од 200 степени Целзиусови;
- Кошничката од апаратот за топол воздух се вади и копаните се оставаат да отстојат околу 5 минути за да ги впијат убаво соковите и зачините.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
-->
-->