Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 причини зошто храната ви се расипува брзо, дури и кога ја чувате во фрижидер

Ја чувате храната во отворени садови, не обрнувате внимание на температурата во фрижидерот и го преполнувате со намирници.

10-prichini-zoshto-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-duri-i-koga-ja-chuvate-vo-frizhider-01.jpg

Сите мразиме кога треба да фрлиме храна, особено ако сме сигурни дека сме ја чувале соодветно.

Сепак, дури и кога ја чувате храната во фрижидерот, постојат некои ситници кои можат да ѝ го скратат рокот на траење.

Кои грешки при складирање ви ја расипуваат храната?

Не користите стаклени садови за чување храна

Иако нема ништо лошо во пластичните садови за храна, стаклените се секогаш подобар избор.

Овие садови се безбедни за во микробранова печка, па значително го олеснуваат одмрзнувањето и подгревањето на храната. 

Покрај тоа, стаклените садови не апсорбираат мириси, па нема да го променат вкусот на храната во нив, а исто така се подобри за околината.

10-prichini-zoshto-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-duri-i-koga-ja-chuvate-vo-frizhider-02.jpg

Ја чувате храната во обоени садови

Многу е поверојатно дека ќе заборавите некој оброк во фрижидерот ако не го гледате, односно ако е складиран во обоен сад, а не проѕирен.

Кога ќе можете да ја видите храната во садот, ќе знаете што имате во фрижидерот и нема да ја заборавите.

10-prichini-zoshto-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-duri-i-koga-ja-chuvate-vo-frizhider-03.jpg

Не ја распоредувате храната правилно во фрижидерот

Во овој случај постои едноставно правило што треба да го следите – живата храна никогаш не треба да стои врз храната која е зготвена или може да се јаде веднаш.

Причината е тоа што од живата храна, како месо, можат да потечат течности во зготвената храна, па да направат побрзо да се расипе.

Што значи, остатоците од ручекот, зеленчукот за салата и хранат што може да се јаде веднаш чувајте ја на горните полици, а месото и сличните продукти кои треба да ги готвите ставете ги најдоле во фрижидерот.

10-prichini-zoshto-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-duri-i-koga-ja-chuvate-vo-frizhider-04.jpg

Го преполнувате фрижидерот

Кога фрижидерот е целосно полн, многуте продукти го попречуваат струењето на студениот воздух. Ова значи дека храната не е разладена на соодветна температура и може да се расипе побрзо.

Наместо да го преполнувате фрижидерот, купете намирници само за следната недела.

10-prichini-zoshto-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-duri-i-koga-ja-chuvate-vo-frizhider-05.jpg

Температурата во фрижидерот не е соодветна

Според Администрацијата за храна и лекови во САД, препорачливо е температурата во фрижидерот да биде 4 степени Целзиусови или пониска.

На повисока температура, бактериите можат да почнат да се развиваат и да ја расипат храната.

10-prichini-zoshto-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-duri-i-koga-ja-chuvate-vo-frizhider-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg