10 причини зошто храната ви се расипува брзо, дури и кога ја чувате во фрижидер
Ја оставате храната изложена на сончева светлина
Директната сончева светлина значи и повисока температура, а поради ова храната се расипува побрзо.
Сите намирници треба да ги чувате на суво место, настрана од сончева светлина.
Ја чувате храната во отворени садови
Не залудно садовите за складирање храна имаат капаци кои некогаш е тешко да ги отворите.
Овие капаци го спречуваат влегувањето на кислород во садот и ја одржуваат храната свежа подолго време.
Ставате сирова и зготвена храна во ист сад
Без разлика дали ја складирате храната само за неколку часови или неколку денови, секогаш одвојувајте ги сировите од зготвените намирници.
Бактериите од сировата храна лесно можат да се префрлат на зготвената и да ја расипат.
Складирате овошја и зеленчуци во ист сад
Некои овошја, како јаболка, круши и праски, ослободуваат гас кој може да има лошо влијание врз зеленчуците како марула, брокула и моркови.
За да го избегнете расипувањето, секогаш складирајте ги овошјата и зеленчуците во различни садови.
Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот
Иако на повеќето фрижидери има посебно место за јајца на вратата, не е препорачливо да ги чувате овде.
Вратата на фрижидерот е изложена на чести промени во температурата поради отворањето, а ова може да го скрати рокот на траење на јајцата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





