За здрави оброци: Како сами да подготвите суво овошје во рерна?

Сушењето е најстар начин на конзервирање на овошјето, кој дозволува да се зачуваат најголем дел од здравите состојки на овошјето. Како се подготвува суво овошје во рерна?

za-kompoti-ili-za-zdravi-obroci-kako-sami-da-podgotvite-suvo-ovoshje-vo-rerna-01.jpg

Маркетите и пазарите се преполни со суво овошје во секое доба, но доколку сте од оние што сакаат сами да подготвуваат зимница, овој трик ќе ви биде добредојден.

На летото полека му доаѓа крајот, а со тоа веќе и бројот на свежото овошје што е достапно на пазарите и во маркетите значително ќе се намали.

Освен што подготвувале слатко или мармалади и компоти, нашите баби често го сушеле овошјето и така во текот на цела зима имале сушено овошје и зеленчук.

za-kompoti-ili-za-zdravi-obroci-kako-sami-da-podgotvite-suvo-ovoshje-vo-rerna-02.jpg

Доколку не успеавте во текот на летото да исушите овошје на сонце, тогаш тоа може да го направите и во текот на наредните денови, но притоа ќе треба да користите рерна.

Постапката за сушење на овошјето е мошне лесна:

  • Овошјето добро се мие и се чисти од семки или рачки и се отстрануваат оштететните делови;
  • Доколку сакате плодовите да не ја загубат бојата за време на процесот на сушење можете претходно да ги потопите во вода на собна температура во која сте исцедиле малку сок од лимон и да ги оставите да стојат во неа 15-тина минути;
  • Рерната се загрева на температура од 40 до 50 степени Целзиусови;
  • Исчистеното овошје се сече на половини или на тенки кругчиња и се распоредува на плех обложен со хартија за печење;
  • Плехот со овошјето се става да се суши во рерната и времето на сушење може да биде различно, во зависност од тоа колку дебело сте го исекле овошјето, колку густо сте го распоредиле во плехот итн.
  • Притоа, овошјето не мора во еден ден да го сушите неколку часови, туку тоа можете да го правите по неколку часа во текот на наредните денови;
  • Додека се суши, потребно е постојано да ги превртувате парчињата овошје за рамномерно да се исушат;
  • Сувото овошје потоа се собира во хартиени ќеси или во стаклена тегла и треба да стои отворено од 5 до 7 дена за да испари вишокот течност;
  • По овој период овошјето може да се чува во затворени садови на суво и темно место.

 Б. С. Б. | Црнобело

фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg