Последици од прекумерно консумирање рафинирани шеќери и како да го намалите нивниот внес?
Нутриционистот Драгана Лошиќ открива дека проблемите со срцето, зголемениот ризик од појава на дијабетес и дебелината се само дел од бројните последици од прекумерното консумирање додадени шеќери. Кои совети ги дава таа за да го намалите внесот на рафинирани шеќери?
Сите сме свесни за лошото влијание на рафинираните шеќери, но некогаш се чини невозможно да ги избегнеме. За среќа, има решение и за тоа бидејќи постојат продукти без додадени шеќери, па дури и без вештачки бои и ароми.
Шеќерот е состојка што природно се наоѓа во многу намирници, вклучувајќи и овошје и зеленчук.
Но, додека овие природни шеќери генерално не претставуваат проблем, експертите сè почесто ги истакнуваат последиците од рафинираниот шеќер кој се додава во разни продукти што ги консумираме секојдневно.
Па, што точно се рафинирани шеќери и какви сè проблеми предизвикуваат со здравјето?
Што се рафинирани шеќери?
Рафинираните шеќери можат да се направат од растенија како шеќерна репка или шеќерна трска.
Сокот од овие растенија се филтрира и се претвора во сируп, кој подоцна се преработува и се претвора во кристали шеќер.
Рафиниран шеќер може да се добие и од пченка и е познат како високо-фруктозен пченкарен сируп.
И двата вида рафинирани шеќери неретко се додаваат во прехранбени продукти за да им го подобрат вкусот.
А, токму овој додаден шеќер може да биде причина за низа проблеми со здравјето.
„Рафинираните шеќери се едноставни шеќери додадени во различни прехранбени производи, кои брзо се апсорбираат во дигестивниот тракт и нагло го зголемуваат нивото на шеќер и инсулин во крвта.
Ова доведува до ненадеен прилив на енергија, а потоа до нејзин брз пад, кој лесно запаѓа во маѓепсаниот круг на потреба за ново гориво во вид на споменатите шеќери“, вели д-р Драгана Лошиќ, специјалист по нутриционизам.
Кои се последиците од големиот внес на рафиниран шеќер?
Не залудно нутриционистите и лекарите ни велат да намалиме со внесот на шеќер, а овде спаѓаат и продуктите со додаден шеќер.
Постојат премногу негативни ефекти од исхраната која вклучува многу рафиниран шеќер, како проблеми со срцето, дебелина и појава на дијабетес.
„Високиот внес на рафинирани шеќери преку кондиторски производи, овошје, енергетски и газирани пијалаци, ликери и обоени пајалаци, каши и гранола со додадени шеќери, со текот на времето доведува до слабеење на имунитетот, зголемување на телесната тежина, отпорност на инсулин, замастен црн дроб, хипертриглицеридемија, хормонална нерамнотежа, лошо расположение и прогресија на дегенеративните процеси во организмот“, објаснува д-р Лошиќ.
Истовремено, таа истакнува колку мало количество шеќер е потребно за да настанат проблеми:
„Дали знаевте дека само 24 мали лажици (од 5 грама) или вкупно 120 грама додаден шеќер дневно ја намалуваат способноста на леукоцитите да ги уништуваат бактериите за дури 40%?“
Колку додаден шеќер можеме да внесуваме, а колку всушност внесуваме?
Веќе е јасно дека рафинираните шеќери се сеприсутни, што значи сите внесуваме многу поголемо количество од препорачаното.
„Се смета дека просечно внесуваме 150 грама додаден шеќер дневно, додека препораката е само од 25 до 50 грама“, вели д-р Лошиќ.
Неретко, дури и намирниците што ги сметаме за здрави се полни рафинирани шеќери.
„Само една чаша овошен или сок купен од продавница содржи околу 25 грама шеќер, додека едно млечно чоколадо од 100 грама содржи 50 грама шеќер“, појаснува д-р Лошиќ.
Со сето ова, ние не само што внесуваме многу шеќер, туку јадеме храна сиромашна со неопходни хранливи материи, но и ја попречуваме апсорпцијата на материите што ќе ги внесеме.
„Високиот внес на шеќер е еден од факторите што доведува до дисбиоза или нарушување на рамнотежата на цревната бактериска флора, што ги нарушува основните цревни функции: варење, апсорпција и елиминација на остатоците од храната.
Со ова влијае на нашиот нутритивен статус, т.е. затоа се вели дека денешниот човек е пренахранет, а во исто време нутритивно неисхранет“, вели д-р Лошиќ.
Како да го контролирате внесот на додаден шеќер?
Како што вели д-р Лошиќ, следниот пат кога ќе сакаме да посегнеме по храна со додадени шеќери, добро би било да се присетиме на последиците:
„Обидете се да ја запомните оваа информација за следниот пат да не претерате со внесување на прехранбени производи богати со додадени шеќери“.
Умереното внесување на блага храна, но и храна со додадени шеќери е првиот чекор што можете да го преземете.
Исто така, можете да ја збогатите исхраната со продукти кои немаат додаден шеќер.
На пазарот се достапни многу продукти без додаден шеќер, но и без вештачки бои и ароми, како производите на Boom Box, кои воедно се и вегански.
„Ве советувам да изберете производи без додаден шеќер, вештачки засладувач и лоши замени за шеќер, како што се гранолите, овесната каша, бисквитите и овесните пијалаци од Boom Box“, вели доктор Лошиќ.
Што ќе се случи кога ќе намалите со внесот на шеќер?
Штом ќе го намалите внесот на шеќер, ќе почнете да ги чувствувате и придобивките:
- Намалување на вишокот килограми
- Намалени триглицериди
- Намален ризик од проблеми со срцето
- Подобра апсорпција на хранливите материи
- Поздрави заби
- Намален ризик од дијабетес
фото: depositphotos.com / Фејсбук