Производи кои не смеете да ги чувате во фрижидер и во лето

Како што пристигнаа жешките денови со нив дојде и потребата за разладување. Не само на нашето тело, туку и на производите кои ги консумираме.

proizvodi-koi-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-frizider-i-vo-leto-01.jpg

Но, работата не е така едноставна затоа што постојат производи кои не смееме да ги држиме на ладно, односно во фрижидер.

Ова се дел од тие производи кои не треба да се чуваат во фрижидер.


1. Домати

Доколку ги чувате доматите во фрижидер ризикувате истите да ја изгубат својата цврстина и свежина и да станат меки и безвкусни. Меѓу другото и го скратувате рокот на траење на истите.

proizvodi-koi-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-frizider-i-vo-leto-1.jpg


2. Кромид и лук

И кромидот и лукот треба што е можно подалеку да ги држите од фрижидерот. Не само што ризикувате непријатните мириси да се прошират од фрижидерот во другите простории од домот, туку истите и да се впијат во останатите производи. Посебно ако имате колачи или торта.

Меѓу другото и лукот може да потемни ако го чувате подолг период во фрижидер.

proizvodi-koi-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-frizider-i-vo-leto-2.jpg


3. Леб

Иако можеби ви се чини дека пониските температури не може да му наштетат на лебот, вистината е дека тој побргу се суши.

Ако планирате да го употребувате за неколку дена тогаш е сосема во ред да го ставите во фрижидер, но за подолг временски период најдобро е да го замотате во пластична фолија и да го ставите во замрзнувач.

proizvodi-koi-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-frizider-i-vo-leto-3.jpg


4. Компир

Ниските температури предизвикуваат скробот во компирот да се претвора во шеќер и да се менува вкусот на компирот.

Наместо во фрижидер, чувајте го компирот во хартиени кеси кои ќе овозможат циркулација на воздух. Кесата чувајте ја на темно и ладно место.

proizvodi-koi-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-frizider-i-vo-leto-4.jpg


5. Мед

Ако го држите медот во фрижидер, тој ќе започне да се кристализира и ќе се зацврсти до толку што ќе ви биде тешко да извлечете и една лажичка од него.

Теглата најдобро е да ја чувате на темно и ладно место.

proizvodi-koi-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-frizider-i-vo-leto-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg