18 трикови како храната да трае подолго: Кромид во хулахопки, путер на кашкавал
Ако сакате често да готвите, веројатно посакувате состојките кои сте ги купиле од пазар или од најблискиот супермаркет да ви издржат повеќе од 2-3 дена без да скапат.
Доколку сакате повеќето од состојките кои ги користите секојдневно да ви останат свежи подолг период потребно е да ги следите овие правила за чување.
1. Кромид во хулахопки може да трае и до 8 месеци.
Секој кромид одделно чувајте го во хулахопки на тој начин што ќе ги одвоите со врвки или ластичиња.
2. Замрзнете млад кромид во шише од зејтин
Бидете сигурни дека кромидот е потполно сув пред да го ставите во фрижидерот.
3. Билките чувајте ги во пластични кеси заврзани на крајот со ластик.
Ова е одличен начин на кој билките како магдоносот или босилекот подолго ќе ви траат без да се исушат.
4. Оцет за да не ви скапат јагодите
Подгответе рецепт од алкохолен оцет и вода. На литар вода ставете 100ml алкохолен оцет и во смесата оставете ги јагодите. Потоа извадете ги, исушете ги и сместете ги во фрижидерот. Со оваа постапка може да останат свежи и до 2 недели.
5. Не ги чувајте кромидот и компирот заедно
Инаку побргу ќе скапат.
6. Чувајте ги компирите заедно со јаболките
На овој начин ќе спречите компирите побргу за из’ртат.
7. Едно скапано јаболко ќе ги уништи сите останати
Токму затоа секогаш кога ќе забележите дека некое од нив скапува, веднаш отстранете го од останатите.
8. Додадете малку путер на исечениот дел од кашкавалот
На овој начин ќе спречите истиот да се исуши и да добие една цврста површина. Откако ќе го премачкате ставете го во мрсна хартија за печење и на тој начин чувајте го во фрижидерот.
9. Замрзнете свежи билки во маслиново масло
Во калап за мраз истурете ја смесата од маслиново или сончогледово масло со свежи билки. Кога ќе готвите извадете само една коцка и веднаш имате готова основа за пржење.
Уште 9 на следната страна...