Што треба да јадете, а што да избегнувате зависно од крвната група?
Peter D’Adamo е прочуен стручњак кој верува дека крвната група е најважна кога се работи за нашето здравје и здравата исхрана, односно дека секоја крвна група има намирници кои и одговараат и оние кои и пречат.
Неговата теорија тврди дека секоја личност поседува специфичен однос кон храната кој е тесно поврзан со крвната група.
Крвна група А
Лицата со крвна група А треба да се фокусираат на вегетаријанскиот начин на живот.
Консумирајте: Житарки од цело зрно, зеленчук, авокадо, шумско овошје, нектарини, смокви и јаболка. Дозволени протеини се јаткастите плодови и сојата.
Избегнувајте: Било кој вид на месо, грав и многу млечни производи.
Крвна група 0
На овие лица потребна им е исхрана богата со протеини, за разлика од другите групи. Токму затоа луѓето со крвна група 0 се уште попознати како „ловци“.
Консумирајте: Морски плодови, црвено месо, спанаќ, кељ и брокула.
Избегнувајте: Млечни производи и пченица.
Крвна група Б
Луѓето со оваа крвна група се познати како номади затоа што поседуваат квалитет лесно да се адаптираат на сите млечни производи и имаат најспособен систем за варење.
Консумирајте: Зелен зеленчук, млечни производи, овошје, житарки, мисиркино и црвено месо и риба.
Избегнувајте: Кикирики, пилешко, леќа и пченка.
Крвна група АБ
Златна средина помеѓу крвната група А и Б, а заради тоа што оваа крвна група е стара само 10.000 години, нејзините носители се речиси енигма за нутриционистите.
Консумирајте: Тофу, морски плодови, мисиркино месо, лубеница, смокви, банани и јаболка.
Избегнувајте: Пченка, црвено месо, големи количини на алкохол и кофеин.