Чудо за 6 дена: Трикови за двапати помал стомак

Делот околу струкот и колковите е најпроблематичен за девојките. Но, не секоја диета успева да го намали обемот баш во тој предел.

cudo-za-6-dena-trikovi-za-dvapati-pomal-stomak-01

Доколку сакате брзо да исчезне тоа што ви пречи, без посебни диети и откажувања, потребно е да внимавате на неколку работи и за 6 дена да добиете двапати помал стомак:

1. Намалете го внесувањето сол

Солта можеби му дава поубав вкус на јадењето, но ја задржува водата во организмот, со што предизвикува чувство на подуеност, а со тоа го зголемува и стомакот. Избегнувајте грицки и брза храна со сол.


2. Намалете го внесувањето на јаглехидрати

Оризот, лебот и тестенините се дел од секојдневната исхрана, но тие се преполни со јаглехидрати. Токму тие се виновни за масните наслаги околу вашиот стомак, затоа трудете се да ги избегнувате или заменувате со производи кои содржат повеќе протеини. Наместо лебот или шпагетите јадете сирење, јајца или интегрален ориз.


3. Заборавете го млекото

Лактозата може да предизвика проблеми со варењето и силно чувство на подуеност. Пробајте барем 1 недела да го исфрлите млекото од менито и ќе забележите разлика. Доколку не можете целосно да се откажете, заменете го со јогурт или бадемово млеко.


4. Не јадете секакво овошје

Иако овошјето е здраво, некои плодови може да предизвикаат подуеност. Јаболкото, лубеницата, бананата, крушата и дињата се многу вкусни, но тешко се варат па може да предизвикаат гасови, а со тоа се нагласува вашиот подуен стомак. Подобро е да одберете цитрон, лимон, портокал или шумско овошје.


5. Откажете се од лутите зачини

Предизвикуваат желудочни киселини и го стврднуваат стомакот. Иако може да бидат и здрави, пробајте да ги избегнете една недела. Наместо нив, користете зачини како босилек, оригано и мајчина душица.


6. Исфрлете го шеќерот, алкохолот и брзата храна

ШАП е скратеница за трите работи кои треба да ги избегнувате, иако ги обожавате. Ако сакате рамен стомак, тогаш овие 3 состојки би требало целосно да ги исфрлите од исхраната или барем за време од 6-те дена, кога сакате да го намалите стомакот.

Би можело да ве интересира:

8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg