Избегнете ги: Лоши навики заради кои упорно се дебелеете
Здравјето си го нарушуваме со повторување на лошите навики, тоа е факт. Често дури и несвесно внесуваме дополнителни калории, маснотии, јаглехидрати, сè додека не забележиме дека бројката на вагата скокнала за 3-4 килограми.
За да не западнете во овој круг од нездрава храна и постојано дебелеење, воочете си ги 10-те грешки кои постојано ги правите:
1. Пиете барем 1 чаша газиран сок во текот на денот. Токму таа чаша сок се таложи околу стомакот. Верувале или не, газираниот сок е 5 пати поштетен од било која мрсна храна.
2. Јадете намирници со бел шеќер. Стручњаците упорно советуваат да не ставате бел шеќер во чајот, кафето или природните сокови кои ги правите сами. Вкусни се и без шеќер, а и помалку калорични.
3. Често јадете сирење и кашкавал. Знаеме дека има неверојатен вкус, но ограничете ја количината.
4. Пиете алкохол неколку пати неделно. Има ли потреба од толкава количина?
5. Ја пресолувате храната. Солта отвора апетит и го поттикнува собирањето на вода во телото, затоа размислете два пати пред да посегнете по соларникот.
6. Јадете преголеми оброци.
7. Јадете доцна навечер, без да се држите до правилото дека по 7 часот не се вечера.
8. Јадете од тага, радост, досада, нервоза... Во тие моменти најмногу се дебелеете, несвесно.
9. Често јадете млечни производи со „ниска масленост“. Тие се лажни пријатели, помирете се со тој факт.
10. Не внесувате доволно протеини. Ова е лоша навика со која го нарушувате регулирањето на шеќерот во крвта.