Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Data Analyst 21-03-2025


Најчестите гревови за време на велигденскиот пост, кои луѓето ги прават несвесно

Грев бр. 1: Избегнуваат храна од животинско потекло, а во душата имаат зли мисли, пишуваат навредливи коментари и имаат пороци... Грев бр. 2: Наместо да се држат до скромноста, заобиколуваат правила и смислуваат посни специјалитети од скапи и луксузни вегански намирници. Кои се најчестите гревови на верниците кои постат?

najchestite-grevovi-za-vreme-na-veligdenskiot-post-koi-lugjeto-nesvesno-gi-pravat-01.jpg

На 3-ти март 2025 започна големиот Велигденски пост, кој важи за најстрогиот пост во годината и секогаш започнува на денот по Прочка.

Верниците задолжително се придржуваат до постењето независно за кој пост во годината станува збор.

Но, има и такви кои не постеле отсекогаш, но полека сакаат да се приклучат и за првпат започнале со Велигденскиот пост.

Бидејќи се смета за најдолг, многумина, како што поминува времето, несвесно скршнуваат од правилата и си создаваат свој начин на постење.

Во продолжение неколку најчести гревови и грешки кои ги прават луѓето за време на постот:

Се фокусираат само на храната и намирници кои не треба да се јадат

За време на целиот пост освен што се воздржувате од храна, потребно е да се воздржувате и од лоши мисли и дела, а се верува дека освен што постот има позитивно влијание врз духовното, тој влијае позитивно и врз физичкото здравје на христијаните.

Не е доволно да јадете посна храна, ако во меѓувреме имате други пороци, пишувате зли коментари на социјални мрежи, користите навредливи зборови, правите лоши дела и не сте во мир со самите себе и со сите останати.

...Ако се воздржуваме од калоричната храна и ако постиме, а вршиме лоши дела, таквиот пост е формален и без секаква духовна вредност. Вистинскиот пост, покрај воздржување од телесна храна, бара воздржување и од лоши мисли и дела.

За суштината на вистинскиот пост ни вели самиот Господ: „Еве го постот што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, разврзи ги јазлите на јаремот, угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; подели го лебот свој со гладните и бездомните, сиромасите доведи ги во домот свој; ако видиш гол – облечи го…“ (Ис. 58. 6,7). - пишуваат од Бигорски манастир

najchestite-grevovi-za-vreme-na-veligdenskiot-post-koi-lugjeto-nesvesno-gi-pravat_02.jpg

Се обидуваат да ги заобиколат правилата за исхрана

Многу луѓе, во обидот да не јадат монотона храна и да докажат дека има и други посни јадења, пробуваат да направат специјалитети кои се премногу луксузни, од типот на вегански десерти со скапи состојки, рецепти со морски плодови, димен лосос и слично).

najchestite-grevovi-za-vreme-na-veligdenskiot-post-koi-lugjeto-nesvesno-gi-pravat_07.jpg

Но, суштината на постот не е да најдете начин да живеете на висока нога или само во избегнувањето месо и млечни производи, туку во скромноста и воздржувањето од секакви задоволства и чистење на душата.

najchestite-grevovi-za-vreme-na-veligdenskiot-post-koi-lugjeto-nesvesno-gi-pravat_05.jpg

Се придржуваат на правилата сосила

Целта на постот е да се промените однатре како човек, а не да се држите до правилата за храна, додека притоа секој ден и секој момент го користите за да се жалите колку е тоа тешко.

Постот не треба да ви биде товар до последниот ден, туку духовен раст и приспособување на тој начин на живот во одредениот период, а со тоа се верува дека може да се подобри и здравјето. 

„Во историјата на човештвото лекарите никогаш не ја негирале големата полза од повремено откажување од исхраната. Уште одамна е познато тоа чудотворно дејство на постот врз телесната способност и општата духовна состојба на човекот. Денешната медицина, со исцрпни истражувања, има докажано дека секој вид пост доведува до постојани промени во организмот“ - стои во пишувањата од Бигорски манастир. 

Секако, оние со посебни здравствени проблеми, трудници и други групи на пациенти, доколку не можат строго да се придржуваат на постот зависно лекарските препораки, не треба да го имаат тоа како товар. 

Се однесуваат супериорно кон оние кои не постат

Не треба да ги осудувате луѓето кои не постат од кои било причини, секој треба да си гледа за себе и за својот однос со Бога.

Не смеете вашето постење да го претворите во гордост и надменост дека сте подобри од другите само затоа што постите, или со тоа да се обидете да се фалите.

Постењето е за вас, за вашиот мир и дух, време во кое треба да се ослободите од омраза, завист, оговарање, гнев, осудување, горделивост... и со тоа си ја „омрсувате“ душата.

najchestite-grevovi-za-vreme-na-veligdenskiot-post-koi-lugjeto-nesvesno-gi-pravat_04.jpg

Подготвување на мрсна трпеза за слава во време на пост 

Дури и оние кои одлучиле да не постат, треба да ја почитуваат верата, бидејќи се смета за голем грев да се подготви мрсна трпеза за слава или друг верски празник за време на големите пости.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg