Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Маслиново масло или маслинки - што е поздраво и кои се придобивките?

Треба да се спомене дека и маслиновото масло и маслинките содржат антиоксиданти и состојки кои се добри за човековото здравје. Но, сепак, не се сосема исти. Што се однесува до нутритивните вредности, маслиновото масло има повеќе калории за разлика од маслинките.

maslinovo-maslo-nasproti-maslinki-koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-niv-01.jpg

Најверојатно имате слушнато за здравствените придобивки од маслиновото масло.

Тоа е клучен дел од медитеранската исхрана, за која е докажано дека спречува проблеми со здравјето, како срцеви заболувања.

Покрај тоа, ако сте љубители на маслинки, можеби некогаш сте се запрашале дали тие се исто толку хранливи и корисни за вашето здравје.

maslinovo-maslo-nasproti-maslinki-koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-niv-02.jpg

Па, во продолжение погледнете ги нутритивните вредности и придобивките од овие продукти:

Здравствените придобивки од маслиново масло

Маслиновото масло е богато со состојки кои имаат антиоксидантно и антиинфламаторно дејство.

Постојат три главни вида на маслиново масло: рафинирано, девствено масло и екстра-девствено маслиново масло.

Екстра девственото маслиново масло е најмалку обработено и има најголема количина на мононезаситени масти, па тоа значи дека е и најдобрата опција за вашето здравје.

Консумирањето маслиново масло ќе ви ги даде следниве придобивки:

  • Го намалува ризикот од срцеви заболувања
  • Го намалува лошиот холестерол
  • Го намалува крвниот притисок
  • Го намалува ризикот од дијабетес
  • Ја штити функцијата на мозокот
  • Ја намалува болката во зглобовите

maslinovo-maslo-nasproti-maslinki-koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-niv-03.jpg

Дали маслинките се исто толку добри како и маслиновото масло?

Повеќе истражувања се направени за маслиновото масло, отколку за маслинките. Досегашните наоди покажуваат дека маслинките може да помогнат во заштитата на телото од воспаленија и од срцеви заболувања, но сепак, потребни се повеќе докази за тоа.

Треба да се спомене дека и маслиновото масло и маслинките содржат антиоксиданти и состојки кои се добри за човековото здравје.

Но, сепак, не се сосема исти. Што се однесува до нутритивните вредности, маслиновото масло има повеќе калории за разлика од маслинките.

Докажано е дека маслиновото масло го поддржува здравјето на срцето, мозокот, зглобовите и метаболизмот. Маслинките може да имаат слични ефекти, но за нив има помалку истражувања.

Она што треба да се има предвид е тоа дека маслинките содржат повеќе сол, што е важно да внимавате ако имате висок крвен притисок.

Како и да е, умереното уживање во нив сепак може да биде хранлив и вкусен додаток на вашата исхрана.

maslinovo-maslo-nasproti-maslinki-koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-niv-04.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Дали алкалната исхрана ја намалува киселоста на телото и спречува болести (или е само мит)? Според таканаречената алкална диета, треба да избегнувате храна за која се верув...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Храна која е повкусна во Air Fryer (и се прави побрзо) Пченка, замрзната брокула, поздрава варијанта на сланина – некои јадења е подобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg