Едноставни трикови и совети со кои ќе станете експерт за торти и слатки

Прекумерното мешање на тестото е честа грешка. Откако ќе се соединат влажните и сувите состојки, престанете да мешате. Прекумерното мешање го активира глутенот во брашното, што доведува до несакана текстура. Едноставни совети што ќе ве направат експерт за торти и слатки.

korisni-trikovi-so-koi-kje-stanete-vistinski-ekspert-vo-pechenjeto-01.jpg

Ако се изведува правилно, печењето може да резултира со вкусни десерти. Без разлика дали сте искусен пекар или „новодојдена“ личност во светот на брашното, шеќерот и путерот, неколку основни совети може да ви помогнат да станете вистински експерти во печењето.

Погледнете на што треба да внимавате за да постигнете успех при секој ваш рецепт:

1. Сите состојки треба да бидат на собна температура. Состојките (јајца, путер, млечни производи) кои биле на собна температура пред печењето, полесно се соединуваат, создавајќи помазно тесто. Ладните состојки можеби нема да се соединат толку добро, при што може да добиете нерамна текстура во вашите печива.

2. Измерете ги точно сите состојки. Едно од основните правила во печењето е точно да ги измерите сите состојки. Внимателно следете го рецептот и имајте предвид дека печењето е еден вид наука, па дури и мало отстапување од количините може да влијае на текстурата и вкусот на вашиот конечен производ.

3. Секогаш загревајте ја рерната. Загревањето на рерната е клучен чекор во процесот на печење. Со тоа што рерната веќе ќе ја има достигнато посакуваната температура, прецизно ќе го измерите времето на печење наведено во рецептот.

korisni-trikovi-so-koi-kje-stanete-vistinski-ekspert-vo-pechenjeto-04.jpg

4. Подгответе го соодветно садот за печење. Различни рецепти може да бараат специфични подготовки на садот за печење, како што е подмачкување, ставање брашно или обложување со хартија за печење.

5. Избегнувајте прекумерно мешање. Прекумерното мешање на тестото е честа грешка. Откако ќе се соединат влажните и сувите состојки, престанете да мешате. Прекумерното мешање го активира глутенот во брашното, што доведува до несакана текстура.

6. Не користете замени. Нема добри замени за сенаменско брашно, шеќер, путер или јајца. Што се однесува до споредните состојки во рецептот, слободно може да ги менувате, како што е додавање ореви, замена на кора од портокал за кора од лимон и слично.

korisni-trikovi-so-koi-kje-stanete-vistinski-ekspert-vo-pechenjeto-02.jpg

7. Премачкајте ги со брашно овошјето и чоколадните парчиња пред да ги додадете во смесата. Ова ќе ги спречи парчињата да потонат на дното на садот.

8. Проверете ја температурата во рерната. Ако често ја користите рерната, можеби добра идеја е да имате и термометар со кој дополнително ќе ја контролирате температурата. Со текот на времето температурата нема да биде точна, а со користењето термометар ќе си овозможите подобро и поточно печење.

9. Посебно посветете се на секој чекор од рецептот. Не можете сите состојки да ги измешате заедно одеднаш, затоа што на крај нема да го добиете посакуваниот производ. Затоа, одвојте време за да ги следите упатствата. На пример, соединувањето на путерот и шеќерот треба да се направи најпрво, пред да се додадат течните состојки како јајцата.

10. Не отворајте ја вратата на рерната. Со отворањето на вратата на рерната, па дури и малку, излегува топлината при што драстично може да се промени внатрешната температура.

korisni-trikovi-so-koi-kje-stanete-vistinski-ekspert-vo-pechenjeto-03.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Кој е најздравиот начин да ги консумирате прехрамбените продукти (за да не ги уништите витамините)? Свежиот спанаќ има трипати повеќе витамин Ц од сварениот, а сварените домати осл...
Кулинарски грешки што ниту искусните не се свесни дека ги прават Дали знаете дека доматите не треба да се готват во нелепливо тавче, а дека за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg