10 трикови со кои ќе фрлате помалку храна (и ќе заштедите)
Ако често правите супи и сосови со свежи домати, можете да ги чувате во замрзнувач каде ќе ви траат и до шест месеци – идеално за сезоната кога се поскапи.
На сите ни се случило да фрлиме краставици, домати, јајца и секаква храна бидејќи се расипала.
Но, со правилно складирање, можете да им го продолжите рокот на траење на повеќето намирници.
Неколку трикови со кои ќе фрлате помалку храна:
Избегнувајте да ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот.
Температурата на вратата се менува најмногу при отворањето, па подобро е да ги чувате јајцата на полицата од фрижидерот за да траат подолго.
Млечните продукти чувајте ги свртени наопаку.
На овој начин се создава вакуум и во садот ќе влегува помалку воздух, со што ќе се продолжи рокот на продуктите.
Секако, важно е амбалажата да има капак кој се затвора добро.
За сосови и супи, чувајте свежи домати во замрзнувач – на овој начин ќе ви траат и до шест месеци.
За да го избегнете згрутчувањето на кафеавиот шеќер, во него ставете неколку маршмелоу бонбони кои ќе ја впијат влагата.
Во кесата краставици ставете метална лажица пред да ги ставите во фрижидер.
Со секое отворање на фрижидерот, малку се менува температурата во него, вклучително и температурата на храната.
Но, ова не влијае врз лажицата од метал, односно таа ќе ја задржи пониската температура во кесата со краставици и со тоа ќе им го продолжи рокот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





