10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната
Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојки. Но, дали знаете кој е најздрав начин за подготвување печурки и како треба да го подготвите пилешкиот стек, без да „убиете“ сѐ што е здраво во него? Ги правите ли овие кулинарски грешки?
Најверојатно секој од нас знае дека исхраната треба да изобилува со многу овошје и зеленчук за да биде здрава и многумина се водат од правилото дека за време на секој оброк на масата треба да има најмалку 4 бои.
Но, дали сте знаеле дека постојат грешки што сите ги правиме во приготвувањето на исхраната, а кои придонесуваат за уништување на хранливите и здравите состојки на продуктите?
Кои се најчестите грешки што ги правиме, а не сме свесни дека со нив ја уништуваме храната?
Го сечеме овошјето подолг период пред да го консумираме
Овошјето најчесто содржи големи количества витамин Ц и Б, но малкумина знаат дека овие витамини се уништуваат ако овошјето долго време било изложено на топлина и светлина.
Затоа ако го исечкате овошјето и го оставите долго време да стои на масата или во ладилникот, ќе му ги уништите здравите состојки.
Ги маринираме и ги пржиме печурките
Печурките имаат голем број хранливи влакна, протеини, аминокиселини и витамини. Но, со маринирање и пржење, голем дел од овие здрави состојки се уништуваат.
Се смета дека најздрав начин на подготвување печурки е да ги испечете на скара, затоа што на тој начин не се намалува количината на здрави состојки.
Секогаш го лупиме зеленчукот
Најголемиот број здрави состојки кај овошјето и кај зеленчукот се во лушпата. На пример, компирите се богати со калиум, фосфор, магнезиум, витамини Ц и Б, но кога ќе ги излупите, количината на овие здрави состојки значително се намалува.
Затоа, добро е повремено убаво да ги измиете компирите и да ги испечете со лушпа. Истото важи и за морковите, јаболката и некои други продукти.
Кога ќе го земете овошјето или зеленчукот и ако лушпата ви изгледа добро (да не е премногу дебела или сува), тоа значи дека е добро да не ја лупите.
Правиме сос од доматите
Доматите се богат извор на фолна киселина, витамин Ц, калиум, како и на природна фруктоза и соли.
Но, во сосот од домати концентрацијата на овие состојки станува премногу висока, па заради тоа може да се јави презаситување кај тој што го консумира, што може да резултира со воспаленија и алергии.
Исто така, многумина практикуваат да додаваат шеќер во сосот од домати, што дополнително го уништува потенцијалот на доматите.
Изложување на медот на високи температури
Медот важи за една од најздравите замени за шеќер и сите знаат за неговото поволно влијание врз здравјето на човекот.
Но, ако го изложувате на премногу високи температури, постои опасност да уништите голем дел од неговите здрави состојки.
Оттука, медот мора да се чува на студено место и да не се вари, но може да се додаде во шолја со топол чај.