10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната
Купуваме маринирани стекови
Се смета дека пилешкиот стек е идеален избор за месо, но не сакаме секогаш да го јадеме чисто и без додатоци.
Но, треба да знаете дека голем број од купечките маринади содржат големи количини шеќер и сол, што значи и дополнителни (празни) калории.
Затоа, најдобро е сами да го маринирате стекот, со сопствени зачини и сосови.
Го користиме нерафинираното маслиново масло за пржење
Кога се зборува за масла, честопати се спомнува за нивната „точка на горење“ – под која се подразбира температурата на маслото на која се јавува оксидација, односно согорување.
Оттука, треба да се знае дека рафинираните масла имаат поголема точка на согорување, додека нерафинираните согоруваат многу побрзо, што може да го уништи вкусот на оброкот и да влијае негативно врз вашето здравје.
Затоа нерафинираното маслиново масло најдобро е да го користите само за салати.
Правиме свежо исцеден сок од портокали
Кога го цедите само сокот од портокалите, вие ги отфрлате останатите здрави состојки на портокалот, како што се влакната, кои треба да ве заситат и да го забават варењето на храната.
Дури и ако не додадете шеќер во сокот, свежо цедениот сок од портокал се состои само од шеќери кои влијаат врз здравјето.
Сокот од портокал предизвикува нивото на шеќери во крвта да порасне, што придонесува за зголемување на телесната тежина и намалување на чувствителноста на телото на инсулин.
Додаваме овошје во јогуртот
Иако многумина ја нагласуваат како здрава варијанта на појадок, комбинацијата од овошје и јогурт воопшто не е здрава.
Треба да знаете дека киселините од овошјето кога ќе се соедини со протеини, го забавува метаболизмот.
Истото важи и за комбинацијата на млеко или јајца и сок од портокал.
Го преваруваме зеленчукот
Витамините Ц, Б и фолната киселина се раствораат во вода, па тоа значи дека при варењето тие „бегаат“ од зеленчукот и водата.
Тоа не значи дека не треба да ги варите, но добро е тоа да го правите само за да омекнат, со што ќе ги направите витамините полесно достапни.
Најважно е да не го варите зеленучкот во помалку вода и да не го преварувате, односно да дозволите да остане по малку крцкав.
Б. С. Б. | Црнобело