9 митови за храната во кои не треба да веруваме
Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од белите, а медот никогаш не треба да се загрева? Кои митови за храната одамна требало да бидат заборавени?
Низ својот живот слушаме голем број правила за исхраната до кои слепо се придржуваме, верувајќи дека така се штитиме себеси и сопственото здравје.
Се покажало, голем број од тие правила се само митови, што одамна требало да бидат заборавени.
Бели и жолти јајца
Во некои земји жолтите јајца се продаваат поскапо од белите и тоа ги наведува многумина да веруваат дека тие се подобри од белите. Но, тоа воопшто не е точно, затоа што и двата вида јајца се подеднакво вкусни и здрави.
Бојата на лушпата на јајцето зависи од видот на кокошката.
Кај кокошките што снесуваат бели јајца, механизмот одговорен за боење на јајцата воопшто не е присутен, но тоа не влијае на квалитетот, вкусот или хранливата вредност на самото јајце во лушпата.
Бел и кафеав шеќер
Кафеавиот шеќер се продава како поздрава варијанта на белиот шеќер, но каква е реалноста?
Разликата меѓу овие два вида шеќер е во количината меласа (што вообичаено се отстранува за време на производството).
Во белиот шеќер има само околу 1 отсто меласа, додека во кафеавиот има од 5 до 6 отсто, па оттаму доаѓа и неговата боја.
Исто така, кафеавиот шеќер може да има повеќе течност во себе и заради тоа различно реагира во склоп со други состојки. Поради ова, во одредени рецепти точно се наведува каков вид шеќер треба да се употреби.
Загревање на медот
Колкупати сте слушнале дека медот не треба да се загрева затоа што тоа може да биде опасно по здравјето?
Станува збор за уште една делумно неточна информација. Имено, кога медот се загрева, тој не станува опасен по здравјето, туку само ги губи своите хранливи вредности.
Но, и тука има исклучоци поврзани со температурата на која се загрева медот. На пример загревањето на медот до кристализација ќе помогне тој повторно да стане течен и да не ги загуби своите вредности, сѐ додека температурата не надмине 95 степени Целзиусови, а долгото загревање ги уништува неговите состојки, но и карактеристичната арома.
Пуканки
Често се верува дека пуканките се здрави и дека можеме да ги консумираме колку сакаме. Но, и тука треба да имаме предвид неколку работи.
Постои голема разлика од пуканките што сами сме ги приготвиле дома и оние што ги купуваме во кино, кои може да имаат адитиви и додатоци, па затоа е подобро да ги консумираме умерено.