Совршени крцкави компири од рерна по рецепт на Џејми Оливер
Рецептот за крцкави компири потпечени со лук е еден од омилените на Џејми Оливер. Познатиот готвач вели дека се супер лесни за подготовка, иако целата постапка трае скоро два часа, но тајната е во трпението и времето потребно за печење.
Гледајќи ја фотката веднаш ќе посакате да го имате овој ручек, па погледнете како едноставно да ги направите највкусните печени компири.
Потребни состојки:
- 2,5kg средно големи компири
- 4 лажици несолен путер
- Малку маслиново масло
- 1 главица лук
- ½ китка свежа жалфија (околу 15 g)
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите (идеално е да се скоро иста големина). Ставете ги да се варат во тенџере со посолена зовриена вода околу 15 минути. Ова ќе помогне внатрешноста на компирот да стане навистина мека.
- Исцедете ги на цедалка, а можете да ги ставите и на пареа во микро околу 1 минута за да се исушат побрзо.
- Потоа пресечете ги на половина, па згмечете ги со лажица за да се сплескаат.
- Во голема тава за печење ставете го путерот и малку маслиново масло. Наредете ги згмечените компири, па зачинете ги со малку сол и црн пипер.
- Покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер преку ноќ.
- Следниот ден загрејте ја рерната на 180°C.
- Излупете го лукот (оставете 2-3 чешниња со лушпа) и исто како и компирите, згмечете ги со лажица.
- Печете 1 час, или додека компирите не станат крцкави и златни насекаде.
- Извадете го плехот од рерната и посипете ги компирите со жалфија, па печете уште 20 до 25 минути.
- Послужете ги топли.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
-->
-->