Сендвич чизкејк со два реда бисквити и чоколадо, без печење

Чоколаден чизкејк со два слоја од бисквити како сендвич - не се пече и се прави многу лесно. 

sendvich-chizkejk-so-dva-reda-biskviti-i-chokolado-bez-pechenje-010.jpg

Чизкејк е еден од омилените десерти, но сите посакуваат кога би имало малку поголем слој од бисквити. 

Ако и вие сте меѓу нив, тогаш оваа варијација на чизкејк ќе биде идеална за вас. 

Набавете ги потребните намирници и подгответе си го овој вкусен „сендвич“. 

Потребни состојки:

За прв слој бисквити:

  • 250g бисквити
  • 100g путер растопен

За чоколаден фил:

  • 125g темно чоколадо, ситно сечкано
  • 125g млечно чоколадо, ситно сечкано
  • 200ml павлака/крем за готвење

За крем фил:

  • 600g крем сирење
  • 75g шеќер во прав
  • 300ml павлака/крем за готвење
  • 100g маршмелоус

За горен слој бисквити:

  • 175g бисквити
  • 75g путер

Начин на подготовка:

Постапката изгледа долго, но всушност е многу едноставна, проследете чекор по чекор, па изгледајте го видеото:

  • Изблендирајте ги бисквитите најситно. Додадете стопен путер и уште малку блендирајте.
  • Истурете ја смесата во плех врз хартија за печење и натапкајте ја со рамна површина.
  • Ставете во фрижидер да се лади 1 час.
  • Во сад ставете ги исечканите чоколади, додадете стоплена павлака за готвење и измешајте додека чоколадото не се растопи и соедини смесата.
  • Тргнете мал дел од чоколадниот фил настрана за последната постапка, а поголемиот дел истурете го врз изладената подлога од бисквити и убаво размачкајте ја насекаде.
  • Оставете да се излади 30 минути.
  • Наредете маршмелоу во тава и ставете неколку минути во рерна додека не добијат златеста боја и малку се зголемат и стопат. Извадете ги и измешајте ги за растопената смеса да се соедини.
  • Во сад ставете ги крем сирењето и шеќерот во прав и измиксирајте.
  • Во друг сад измиксирајте го кремот за готвење и додадете го во смесата со крем сирењето и повторно миксирајте додека не се соедини.
  • Потоа додадете го и растопеното маршмелоу и повторно измиксирајте додека да добиете мазна смеса.
  • Истурете ја белата смеса врз чоколадниот слој на тортата, размачкајте убаво и оставете да се лади 4 часа.
  • Одозгоре ставете од преостанатата смеса од чоколадо и премачкајте убаво, а најгоре истурете ги изблендираните бисквити и путер за горниот слој и натапкајте.
  • Оставете да се лади 1 час и послужете.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg