Нов хит појадок на социјалните мрежи - потпечени овесни снегулки со шумско овошје (видео)
Нова, брза и лесна идеја за здрав и несекојдневен појадок. Овој рецепт е популарен на социјалните мрежи, а, како што може да се види од видеото што масовно се споделува, мошне е лесен за приготвување.
По далгона кафето, тоник-кафето, салатата „Зелена божица“, на социјалните мрежи нов тренд е подготвувањето на овој брз и едноставен појадок.
Џазмин Тајлер за првпат го сподели видеото за подготвување потпечени овесни снегулки со шумско овошје во 2020-тата година, а оттогаш досега рецептот е прегледан околу 100.000 пати.
Според неа, снегулките подготвени на овој начин се помеки, повкусни, а имате чувство дека јадете торта за појадок.
Дополнително, снегулките подготвени на овој начин им се допаѓаат дури и на оние што сметаат дека овесната каша нема некој особен вкус.
Голем број корисници на Инстаграм веќе споделија фотографии од своите обиди да го подготват овој појадок.
Потребни состојки:
- 50g овесни снегулки;
- 1 банана (испасирана);
- 0,75ml бадемово млеко или вода;
- 1 јајце;
- 1 голема лажица ванилин шеќер;
- прстофат цимет;
- 100g шумско овошје (смрзнато или свежо);
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во подлабок огноотпорен сад и се мешаат;
- Измешаната смеса се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 45 минути или додека снегулките не добијат златно-кафеава боја, а бадемовото млеко не се впие во целост.
Видео упатство:
@jaztyler This Berry Baked Oatmeal is LIFE CHANGING!!!!! Tag a friend who‘d love this healthy recipe :) #oatmeal #healthyrecipes #health #weightloss ♬ Watermelon Sugar - Harry Styles
Погледнете фотографии од оние што веќе се обиделе да го подготват овој појадок:
https://www.instagram.com/p/CbY9ncosDoO/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CK4WNX3p6Qq/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело