Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила

Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете и како појадок, кој ќе ви даде енергија уште на почетокот на денот.

recept-za-zdravo-tiramisu-so-ovesni-snegulki-i-vanila-01.jpg

Сакате да се храните здраво, ама и да каснете вкусен десерт?

Пробајте го овој рецепт за тирамису кој се прави без печење, а главни состојки се овесни снегулки, еспресо и ванила.

Потребни состојки:

За подлогата:

  • ½ шолја овесни снегулки
  • 20g какао протеин во прав
  • ½ шолја млеко од соја
  • ½ лажица ленено семе
  • ½ лажица чиа семе
  • 1 шолја еспресо
  • Неколку капки екстракт од ванила

За кремот:

  • 1 лажица обично крем сирење
  • ½ лажица јаворов сируп

Чоколаден прелив:

  • 20g стопено темно чоколадо
  • 1 лажичка кокосово масло

Начин на подготовка:

  • Во сад измешајте ги сите состојки за подлогата.
  • Во посебен сад спојте ги состојките за кремот за да добиете мазна смеса.
  • Почнете да го редите тирамисуто - ставете половина од смесата за основата во широка стаклена чаша, па врз неа додајте пола смеса со крем сирење.
  • Повторете ја постапката уште еднаш.
  • Измешајте ги убаво двете состојки за чоколадниот прелив. Кога ќе добиете мазна смеса веднаш истурете ја врз здравото тирамису.
  • Оставете го колачот во фрижидер најмалку еден час или преку ноќ, пред да го изедете.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by @thefeedfeed

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg