Ролат од суво овошје, без печење, кој одлично оди после шолја кафе
Ви се јаде нешто слатко, но не ви се прават торти и филови? Испробајте го овој сладок есенски ролат кој не се пече.
Вкусот е богат, подготовката е брза и совршено одговара со шолја топло кафе.
Потребни состојки:
- 250g суви смокви
- 250g суви сливи
- 150g ореви
- 50g чисти овесни снегулки
- 1 портокал со кора
- ½ лажичка цимет
- 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
- Сувите смокви и сливи потопете ги во топла вода барем 30 минути да омекнат.
- Во блендер помешајте ги овесните снегулки и половина од оревите додека добиете фин прав. Преостанатите ореви исечкајте ги со нож на ситни парченца.
- Процедете го овошјето, па во блендер направете смеса од омекнатите суви смокви и сливи. Потоа додадете го правот од овесните снегулки и оревите.
- Исцедете сок од 1 портокал и изрендајте малку од кората, додадете цимет, екстракт од ванила, а може и рум доколку сакате.
- Блендирајте додека не добиете еднолична смеса. Добиената смеса ставете ја во проѕирна фолија или на хартија за печење и формирајте ролат.
- Украсете го колачот со ситно сечканите ореви и додатоци по желба.
- Оставете да се зацврсти неколку часа или преку ноќ во обичен фрижидер.
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...

Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт
Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...

Посни бомбици со портокал, одличен десерт за велигденските пости
Без оглед дали ќе постите еден ден, една недела или во сите денови од постот пре...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза
Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...