Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Велигденски десерт: Збогатете ја трпезата со вкусен колач од морков

Ако досега не сте пробале колач од морков, деновиве имате одлична можност за тоа.

kolach-od-morkov-odlichen-za-praznichnata-trpeza-01.jpg

Овој колач е едноставен за правење, не е тежок за јадење и, најважно од сè, има неверојатен вкус.

После само првиот залак, овој десерт сигурно ќе стане задолжителен дел од вашата празнична трпеза.

Потребни состојки

Тесто:

  • 4 јајца
  • 2 шолји кафеав шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 3 лажички цимет
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 децилитри масло
  • 4-5 поголеми моркови, изрендани
  • Сок од половина лимон

Фил:

  • 200 грама крем-сирење
  • 1,5 шолја шеќер во прав
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • 2 лажици путер
  • Сок од половина лимон
  • Изрендана кора од лимон

За декорација:

  • Бадеми, ореви или други јаткасти плодови

kolach-od-morkov-odlichen-za-praznichnata-trpeza-03.jpg

Начин на подготовка

Тесто:

Измешајте го брашното со сите суви состојки, а потоа додајте ги изренданите моркови.

Изматете ги јајцата со виљушка и додајте ги во смесата со брашно, заедно со преостанатите состојки. Добро измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

За колачот најдобро да користите длабока тава, по можност со кружна форма. Ставете ја смесата во тавата и печете 40-50 минути на 180 степени.

По некое време добро би било да го покриете колачот, за да не се препече горниот дел.

Фил:

Оставете го путерот да омекне на собна температура.

Ставете ги сите состојки за филот во еден сад и измешајте со миксер.

Кога колачот ќе се испече, прелијте го со филот и оставете го малку да се излади.

На крај, декорирајте со вашите омилени јаткасти плодови.

kolach-od-morkov-odlichen-za-praznichnata-trpeza-02.jpg

Тестото можете да го поделите и на два дела, за да добиете две кори. Во овој случај, ставете фил помеѓу двете кори и врз целиот колач.

Доколку го правите колачот на овој начин, ќе треба да ги дуплирате состојките за филот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg