Макарони во сос од тиква и морско оревче - вкус кој асоцира на есен
Најубавите есенски вкусови споени на едно место - тиква, морско оревче и тестенини...
За љубителите на макарони и тиква, споделуваме одличен и брз рецепт, кој асоцира на есен.
Макароните подготвени на овој начин се готови за 20 минути, а тајната е во совршено измешаните зачини и тиква.
Начин на подготовка:
- 300g макарони
- 400g варена тиква
- 2 чешниња лук, изгмечени
- 200ml крем за готвење
- 2 лажици маслиново масло
- Сол и бибер по вкус
- Малку морско оревче
- Малку ѓумбир во прав
- 50g пармезан
- По вкус - оригано, копар или власец (а можете и без тоа)
Начин на подготовка:
- Сварете ги тестенините, исцедете ги, но не ја фрлајте водата.
- Тиквата излупете ја и исечете ја на коцки, па варете ја во солена вода околу 15 минути.
- Во длабоко тенџере загрејте го маслиновото масло и додадете го лукот. Пропржете кратко, па додадете ја тиквата и пржете уште неколку минути.
- Во тенџерето тиквата додадете ги кремот за готвење, морското оревче, ѓумбирот, солта и биберот, па испасирајте ја тиквата со блендер (како во видеото).
- Ако сосот е премногу густ, додадете малку вода од сварените тестенини.
- Сосот од тиква спојте го со сварените тестенини и убаво измешајте.
- Пред да ги послужите додадете рендан пармезан и по желба власец, оригано, копар или друга билка (може и сува и свежа).
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...