Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сочни шпагети со ракчиња, готови за 20 минути

Љубителите на морско мора да го пробаат овој рецепт за сочни тестенини со ракчиња.

sochni-shpageti-so-rakchinja-gotovi-za-20-minuti-01.jpg

Се подготвува лесно, за околу 20 минути, а вкусот е уникатен и преубав, посебно ако обожавате морска храна.

Затоа, не размислувајте многу, туку набавете ги сите потребни состојки и почнете со готвење.

Потребни состојки:

  • 200g шпагети
  • 300g ракчиња (смрзнати или свежи)
  • 4 чешниња лук
  • ½ кромид
  • Кора и сок од 1 лимон
  • 100ml супа од зеленчук (или 100ml вода од тестенините)
  • 200ml неутрална павлака
  • Малку маслиново масло
  • 100g путер
  • 20g доматна паста
  • Свеж магдонос
  • Сол, бибер, буковка (по вкус)

Начин на подготовка:

  • Ракчињата ставете ги во тенџере со вода на собна температура и оставете ги да отстојат 5 минути, па извадете ги, исцедете ги од вишокот вода и ако треба исушете ги со хартија.
  • Сварете ги тестенините според упатството на кесичката.
  • Додека се варат шпагетите, во тава ставете малку маслиново масло и половина од путерот, па препржете ги кромидот и лукот (ситно исечкани).
  • Кога малку ќе заруменат, додадете ги ракчињата.
  • Откако ќе се пропржат, зачинете по вкус, малку свеж магдонос, и кората и сокот од лимон.
  • На крајот, ставете ги и супата (или водата од сварените тестенини) и неутралната павлака, додадете го останатиот путер и доматната паста и мешајте без престан.
  • Во сосот додадете ги сварените шпагети и убаво спојте ги.
  • Пред да ги послужите, наросете ги со црвен пипер и магдонос (по избор).

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Макарони во сос од тиква и морско оревче - вкус кој асоцира на есен Најубавите есенски вкусови споени на едно место - тиква, морско оревче и тестени...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg