Сочни раженчиња од макарони - предјадење што ќе ги импресионира сите (особено децата)
-->
Наместо од месо, раженчињата може да бидат и од тестенини - поинакви, вкусни, ќе сакате да ги правите постојано...
Кога ќе ви здодеат обичните макарони, подгответе ги на малку поинаков начин.
-->
Со нив ќе ги импресионирате и домашните и гостите што ви се најавиле, а најмногу децата, кои сигурно не очекуваат ваков деликатес.
Подготовката е многу едноставна, иако ќе ви одземе малку повеќе време од подготовката на „обичните макарони“.
Потребни состојки:
- 1 пакување макарони
- Кечап
- Кашкавал
- Колбас или салама по вкус
- Маслинки
- Млад кромид
- Пиперка
Начин на подготовка:
- Сварете ги тестенините „ал денте“ и оставете малку да се изладат.
- Потоа наредете ги макароните на стапчиња за раженчиња (како на видеото), па ставете ги во тава за печење.
- Премачкајте го секое раженче од макарони со кечап, па преку него ставете малку рендан кашкавал, салама, маслинки, ситно сечкани перки од млад кромид и пиперка.
- Печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови околу 10-15 минути.
- Забелешка: Состојките може да ги менувате според вкус.
Видео постапка:
-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните
Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови
Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Потпечени сочни макарони со праз и пилешко
Ако сте љубител на праз, тогаш мора да го пробате овој рецепт за потпечени тесте...
Сочни шпагети со ракчиња, готови за 20 минути
Љубителите на морско мора да го пробаат овој рецепт за сочни тестенини со ракчињ...
Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук
Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто ...