Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши - децата ќе ја обожаваат
Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте во овој здрав рецепт.
Овој рецепт со цреши и грчки јогурт е одлична комбинација кога сакате да му подготвите здрава ужинка на вашето дете.
Црешите ќе му го дадат дополнителното освежување кое на сите ни е потребно ова лето, а во комбинација со грчки јогурт кој содржи протеини, калциум и многу малку шеќер, ќе добиете здрава и вкусна ужинка.
Потребни состојки:
- 10 цреши, со извадена семка и исечкани
- 90g грчки јогурт
- 60g мазен путер од кикиритки, растопен на собна температура
- 20g ленено семе
Начин на подготовка:
- Ставете ги исечканите цреши и грчкиот јогурт во еден сад, па добро измешајте.
- Во една голема чинија или послужавник ставете на повеќе места по една голема лажичка од црешите и јогуртот и така поделете ги на 10 дела.
- Ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат најмалку еден час (по можност и малку подолго).
- Извадете ги од замрзнувачот и едната половина потопете ја во растопениот путер од кикиритки, потоа посипете со лененото семе.
- Ставете ги уште малку во замрзнувач, барем еден час, па ќе бидат подготвени за консумирање.
М. Ѓ. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
-->
-->