Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пролетен појадок за слабеење: Розов чиа пудинг со јагоди, банани и овес

Ако и вие сте од оние на кои им се чини дека чиа пудингот не ги заситува доволно, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.

proleten-pojadok-za-slabeenje-rozov-chia-puding-so-jagodi-banani-i-oves-01.jpg

Чиа пудинзите полека стануваат омилената здрава храна за појадок (или за вечера) во целиот свет, а постојат голем број рецепти и комбинации според кои можете да ги подготвите.

Овој рецепт ги комбинира јагодите кои во пролет кај нас ги има во изобилие, а благодарение на комбинацијата со овес ќе се чувствувате заситени подолг период во денот.

Како да го подготвите овој неодолив розов чиа пудинг?

Потребни состојки:

  • 150g свежи јагоди (измиени и исечкани на половинки);
  • 1 банана (излупена и исечкана на парчиња);
  • 2 големи лажици овес;
  • 1 голема лажица мед;
  • 300ml растително млеко (бадемово, оризово);
  • 3 големи лажици чиа семе.

Начин на подготовка:

  • Јагодите, бананата, овесот, медот и млекото се ставаат во блендер и се блендираат додека да се добие изедначена смеса;
  • Готовата смеса се става во длабок сад и се додава чиа семе, со постојано мешање, за да се избегнат грутки;
  • Пудингот се прекрива и се остава преку ноќ во ладилник.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg