Лесен оброк за појадок и вечера - го чисти организмот и го забрзува варењето

Овој оброк најдобро би било да го подготвите уште во текот на вечерта ако го планирате за појадок, или по работа, ако го јадете за вечера, затоа што ќе бидат потребни околу 6 часа да стои во ладилник пред да можете да го консумирате.

puding-od-chia-seme-i-banani-lesna-vechera-shto-go-chisti-organizmot-i-go-zabrzuva-varenjeto-01.jpg

Кога станува збор за вечерата, сите знаеме дека последниот оброк во денот треба да биде лесен и да не е преполнет со калории и хранливи материи.

Сепак, овој оброк е одличен избор и за појадок, лесно да го почнете денот. 

Во продолжение погледнете еден рецепт за вкусен појадок или вечера што не е премногу калоричен, а воедно е и мошне здрав оброк.

puding-od-chia-seme-i-banani-lesna-vechera-shto-go-chisti-organizmot-i-go-zabrzuva-varenjeto-02.jpg

Главната состојка на овој оброк е чиа семето, чијашто здравствена вредност е нагласувана во повеќе наврати: богато со омега-3 и омега-6 масни кислеини, со влакна, антиоксиданти, протеини, но и со магнезиум, фосфор и калциум.

Токму поради ова се нагласува дека овој оброк истовремено го чисти дигестивниот систем и го забрзува метаболизмот.

Во продолжение погледнете како да подготвите вкусен пудинг од чиа семе:

Потребни состојки:

  • 4 големи лажици чиа семе
  • 2 банани
  • 250 ml вода
  • 250 ml млеко (бадемово, кокосово или некое друго растително)
  • Лажица мед
  • Малку цимет

puding-od-chia-seme-i-banani-lesna-vechera-shto-go-chisti-organizmot-i-go-zabrzuva-varenjeto-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Бананите се пасираат со виљушка, па потоа се мешаат сите останати состојки во подлабок стаклен сад.
  • Смесата се остава да стои покриена 30-тина минути, а потоа пак се промешува.
  • Подготвениот пудинг се остава во ладилник околу шест часа, за чиа семето да ја направи својата магија, да набабри и да го згусне овој пудинг.

Чиа пудингот може да стои во ладилник и до пет дена.

puding-od-chia-seme-i-banani-lesna-vechera-shto-go-chisti-organizmot-i-go-zabrzuva-varenjeto-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за здрав и вкусен појадок: Чиа пудинг со праски и индиски ореви Ако сакате да пробате нешто ново и несекојдневно, тогаш овој рецепт за чиа пудин...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Пролетен појадок за слабеење: Розов чиа пудинг со јагоди, банани и овес Ако и вие сте од оние на кои им се чини дека чиа пудингот не ги заситува доволно...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg