Рецепт за здрав и вкусен појадок: Чиа пудинг со праски и индиски ореви
Ако сакате да пробате нешто ново и несекојдневно, тогаш овој рецепт за чиа пудинг сигурно ќе ви се допадне.
Можете да го подготвите претходната вечер и следното утро да го понесете со себе на работа како здрав појадок, а по потреба можете да го подготвите и рано наутро, доколку појадувате подоцна.
Како се подготвува овој чиа пудинг?
Потребни состојки:
- 300ml бадемово млеко;
- 90g овесни снегулки;
- 1 голема лажица чиа семе;
- ¼ лажиче цимет;
- Прстофат сол;
- 170g праски (исечкани на коцкички) ;
- 25g исечкани индиски ореви (плус 2 големи лажици);
- Малку јаворов сируп или 1 лажица мед.
Начин на подготовка:
- Бадемовото млеко, овесните снегулки, чиа семето, циметот, солта, половина од праските и 25-те грама индиски ореви се ставаат во длабок сад;
- Сите состојки се мешаат додека не добиете изедначена смеса;
- Садот се прекрива и се ставаат во ладилник, додека овесните снегулки и чиата да ја апсорбираат цела течност (минимум 5 часа или преку ноќ);
- Готовиот пудинг се дели во два сада, се декорира со остатокот од праските и со по една лажица исечкани индиски ореви;
- По желба можете да додадете јаворов сируп или мед.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
-->
-->