Совршен пролетен десерт - црвени палачинки со маскарпоне и овошје
Слаткиот вкус на палачинките во комбинација со свежото овошје, истовремено и ќе ве освежи и ќе ве заблажи.
Ако обожавате палачинки, тогаш мора да ги подготвите на овој начин - со крем од маскарпоне и свежо овошје. Совршен пролетен десерт.
Уште ако ги изнесете на трпеза пред гости, ќе ги воодушевите со своите кулинарски способности.
Потребни состојки:
За палачинките:
- 2 јајца
- 35g шеќер
- 20ml растително масло
- 190g млеко
- 60g брашно
- Црвена боја за храна
- 1 лажичка екстракт од ванила
За филот:
- 180g слатка павлака (или течен шлаг)
- 20g шеќер
- 30g маскарпоне
- Јагоди исечкани на коцки
- Парчиња вафли или готов пандишпан
За украсување:
-->
-->
- Свежи јагоди
- Боровинки
- Шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги јајцата, шеќерот, маслото, млекото, брашното, црвената прехранбена боја и екстрактот од ванила за смесата да се изедначи. Прецедете ја двапати за да не останат грутчиња.
- Загрејте ја тавата на среден (или тивок оган) и пржете ги палачинките до пред да им се направат кафени топчиња (да останат целосно црвени).
- Додека се ладат палачинките, изматете ја слатката павлака со шеќерот и маскарпонето за да добиете цврст шлаг.
- Префрлете ја смесата во кеса за крем (за торти и колачи) и ставете ја во фрижидер.
- Кога малку ќе се излади, почнете да ја филувате палачинката - во средината ставете од смесата со слатка павлака и маскарпоне, па врз неа едно тркалце вафла или пандишпан, па прекријте го со кремот.
- Одозгора ставете неколку парчиња ситно сечкани јагоди.
- Свиткајте ја палачинката како торбичка (како во видеото) и врзете ја со пластичен конец или кујнски коноп.
- Украсете ги со јагоди, боровинки и шеќер во прав и послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Палачинки со сирење и шунка - одлична идеја за викенд појадок
Палачинките се секогаш одличен избор за појадок, вечера, ужина или десерт. Но, д...

Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди
Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...

Рецепт за лесни велигденски зајчиња полнети со Нутела
Се прават од готово лиснато тесто, само треба да го намачкате со Нутела и да нап...

Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните
Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...

Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...

Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...