Рецепт за лесни велигденски зајчиња полнети со Нутела
Се прават од готово лиснато тесто, само треба да го намачкате со Нутела и да направете 2-3 свртувања за да формирате зајчиња - направете ги за велигденската трпеза.
По повод Велигден, не оставајте многу работи за во последен момент и со време инспирирајте се и направете список од јадења што ќе ги подготвувате.
Доколку немате идеја, овие велигденски зајчиња од готово лиснато тесто се идеален, лесен рецепт.
Можете да си ги направите и неколку дена порано за проба.
Потребни состојки:
За тесто:
- 1 пакетче готово лиснато тесто
- 200g Нутела (или чоколаден крем по желба)
- Шеќер за наросување
- 1 јајце, малку матено
- Шлаг пена (или маскарпоне крем)
За маскарпоне крем (доколку го правите наместо шлаг):
- 200g маскарпоне се меша со 30-50g мед за вкус додека смесата не се соедини
Начин на подготовка:
- Одвртете го тестото, намачкајте Нутела на едната половина по ширина и покријте со другата половина (или доколку се две теста ставете ги едно врз друго).
- Исечете го тестото на ленти од отприлика 2.5cm ширина.
- Секоја лента свиткајте ја прво така што ќе формирате отворен круг во долниот дел, а со двете страни од лентата што ќе останат горе, направете плетенка двапати вртејќи ги едно преку друго (погледнете на фотографиите).
- Премачкајте ги зајчињата со јајце, наросете малку шеќер и печете на 180 степени Целзиусови околу 15-17 минути.
- На крај во дупката може да ставите малку шлаг или маскарпоне крем, што ќе наликува на опавче на зајчето.
Можете да правите повеќе варијанти во поглед на декорирањето - од шеќер во гранули, до шеќер во прав, шлаг или чоколадни јајца во средината - зависи од вашата креативност.
М. М. | Црнобело