Безглутенска пица со тесто од ориз и пилешко во доматен сос
Направете ја оваа безглутенска пица со тесто од ориз, а полнета со пилешко месо и кашкавал, уште викендов, ќе ѝ дадете чиста 10-ка!
Наместо да користите готово тесто или да местите тесто, направете тесто за пица од ориз во блендер, а наместо класичен фил, ставете пилешки гради со доматно пире.
Подгответе ја оваа пица, нема да се разочарате.
Потребни состојки:
- 400g варен ориз
- 3-4 јајца (зависи од големината, пробајте со 3, додајте уште едно ако е неопходно)
- 50ml вода
- 50g рендан кашкавал
- Сол и црн пипер по вкус
- 1 големо парче пилешки гради (или 2 мали)
- ½ стар кромид
- 2 перца млад зелен кромид
- 100ml доматно пире
- 150g моцарела
Начин на подготовка:
- Сварете го оризот, измијте го под студена вода за да се одвојуваат зрната, па ставете го во блендер.
- Едно по едно додавајте ги јајцата, прво 3, а ако има потреба, на крај и 4-тото.
- Додадете го и ренданиот кашкавал, а потоа и околу 50ml вода и мешајте ја смесата во блендерот сè додека не се спојат убаво сите состојки.
- Ставете ја во тркалезно тавче за печење пица, а одозгора можете да ја испрскате со малку масло.
- Печете го тестото во загреана рерна на 220°C околу 15 минути.
- Во меѓувреме, измијте ги пилешките гради, па исечете го на покрупни коцкички. Пржете ги во тавче на малку масло.
- Кога ќе заруменат, додајте го кромидот, исечкан на ситни коцкички (ако имате, додадете и малку црвен кромид).
- Посолете и ставете бибер по вкус, па мешајте додека кромидот да се стопи.
- Кога ќе биде убаво пропржено, додадете го доматното пире и спојте ја целата смеса, па оставете да прокрчка неколку минути.
- Врз тестото од ориз рамномерно распоредете го пилешкото со сос, а најгоре ставете ја ренданата моцарела.
- Печете околу 20 минути.
- Пред да ја послужите пицата, украсете ја со ситно сечкани перца од млад кромид.
Забелешка: Ако немате блендер, можете да го направите тестото со миксер, а зрната што нема да се здробат, можете да ги испасирате со алатка за правење компир пире.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
-->
-->