Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


2 здрави рецепти за хумус кои се прават за неколку минути

За да направите домашен хумус, не ви треба многу време - потребно е само да ги набавите состојките и да ги изблендирате.

zdravi-recepti-za-humus-koi-mozhe-da-gi-napravite-samite-doma-i-toa-za-mnogu-kratko-vreme-01.jpg

Хумусот е здрав намаз кој ќе го комбинирате со какви било сендвичи и зеленчуци, а може да го користите и како сос за пица…

За подготовка на овие рецепти не е потребно многу време - само треба да ги набавите потребните состојки и да ги изблендирате.

Хумус со домати и босилек

За подготовка на овој хумус, најдобро е да користите свежи листови од босилек и свеж лук, кои ќе го подобрат вкусот на самиот намаз.

Потребни состојки:

  • 400g конзервиран наут, добро исцеден и измиен
  • 1 конзерва (400g) цели лупени домати
  • 30g таан
  • 2 лажици свеж сок од лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • Малку мелен ким
  • 1 чешне лук, изгмечен
  • Сол по вкус
  • Неколку листови свеж исечкан босилек

Начин на подготовка:

  • Ставете го наутот во блендер, па додајте домати, маслиново масло, таан, сок од лимон, лук, ким, босилек и сол и блендирајте додека не добиете кремаста текстура.
  • Ставете ја смесата во голем сад за сервирање.
  • Пред да го сервирате така подготвениот хумус, ставете го да постои во фрижидер околу 1 час. Хумусот може да се чува во фрижидер до четири дена.

zdravi-recepti-za-humus-koi-mozhe-da-gi-napravite-samite-doma-i-toa-za-mnogu-kratko-vreme-03.jpg

Хумус со семки од тиква

Семките од тиква се многу здрава ужина, па зошто да не ги вклучите уште во еден поинаков рецепт? 

Потребни состојки:

  • 400g конзервиран наут, добро измиен и исцеден
  • 2 лажици сок од лимон
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • 60ml вода
  • 60ml маслиново масло
  • 30g сурови семки од тиква

Начин на подготовка:

  • Ставете ги сите состојки во блендер и добро изблендирајте.
  • Ако сакате покремаста текстура, додајте повеќе вода или маслиново масло и обратно.
  • Ставете го околу 1 час во фрижидер и сервирајте со карфиол, брокула, користете го како намаз, сос за пица или комбинација по ваша желба.

zdravi-recepti-za-humus-koi-mozhe-da-gi-napravite-samite-doma-i-toa-za-mnogu-kratko-vreme-02.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg