Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт
-->
Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни...
Љубител сте на крофни, но ви здодеаја класичните вкусови? Пробајте го овој интересен француски рецепт - микс од крем и крцкава глазура.
-->
Потребни состојки:
За тестото:
- 500g брашно
- 75g шеќер
- 1 јајце
- 100g путер
- 100g млако млеко
- 1 пакетче сув квасец
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- прстофат сол
За кремот:
- 500ml топло млеко
- 5 жолчки
- 40g шеќер
- 50g пченкарно брашно
- неколку капки ванила
- 100g путер
- 100g бело чоколадо
За преливот од карамел:
- 350g шеќер
- 2 лажици вода
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото и мешајте додека не добиете мазно, малку лепливо тесто.
- Покријте го садот и оставете го да отстои околу еден час додека не се удвои во волумен.
- Во меѓувреме почнете со подготовка на кремот - во длабоко тенџере ставете ги жолчката, пченкарното брашно, ванилата и шеќерот, па додадете го топлото млеко и мешајте да се спојат.
- Смесата варете ја на средна температура, без престан, за да не се направат грутки и да не загори.
- Кога кремот ќе згусне, тргнете го тенџерето од оган, додадете ги путерот и белото чоколадо, па спојте ги.
- Оставете го кремот да се излади.
- Извадете го тестото од садот во кој стоело, расукајте го и со модла (или чаша) направете крофни.
- Ставете масло во тавче и кога ќе се загрее, пржете ги крофните со вртење на двете страни.
- Пржените крофни тргнете ги на страна да се оладат (може да ги ставите врз хартија за да се упие вишокот масло).
- Кога ќе бидат убаво изладени, со шприц за торти наполнете ја секоја крофна.
- На крај подгответе ја глазурата - во тенџере на средна температура загрејте ги шеќерот и водата и нежно протресувајте додека не се формира карамелот.
- Внимателно потопувајте ја секоја крофна во жешкиот карамел, па оставете настрана да се олади, а глазурата да стане крцкава.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет
Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
-->