Лепче со путер од кикиритки и авокадо: Брз и вкусен појадок за утрата кога сте во брзање
Вкусен појадок од само четири состојки кој е одличен за утрата кога немате многу време.
Лепчето со путер од кикиритки и авокадо е одличен извор на здрави масти и хранливи влакна.
Тие ви помагаат да бидете сити подолг временски период, при што се одлични и за оние кои се на диета.
Зошто да ја изберете оваа комбинација?
Вкусот е одличен. Можеби на некои ова ќе им звучи чудно, но, путерот од кикиритки совршено се вклопува со вкусот на авокадото.
Лесно е за правење. Лепчето со путер од кикиритки и авокадо е совршено за утрата кога немате многу време за подготовка на вашиот појадок.
Добра опција е и како здрава ужина. Ако ви треба попладневна ужина за да го надминете гладот, тогаш оваа комбинација ќе ви биде одличен избор.
Како да направите лепче со путер од кикиритки и авокадо
Потребни состојки:
- леб
- 1 авокадо
- путер од кикиритки
- мед
Начин на подготовка:
- Потпечете ги парчињата леб додека не станат крцкави со златно кафеава боја.
- На секое парче леб рамномерно намачкајте по една лажица путер од кикиритки.
- Потоа исечкајте го авокадото и ставете на парчињата леб, а на крај над секое парче ставете по една лажичка мед.
- Послужете веднаш и уживајте.
Дополнителни совети кои ќе ви послужат при подготовката на овој појадок
Изберете авокадо кое е меко на допир, но да не биде премногу кашесто.
За различна текстура, наместо кремаст, може да изберете крцкав путер од кикиритки.
Наместо путер од кикиритки, може да користите путер од бадеми или кој било друг путер од јаткасто овошје.
За посилен вкус, врз авокадото може да додадете и парчиња банана, семки од сончоглед или семки од тиква
За солена варијанта на овој појадок, врз лепчето може да додадете и пржено јајце (наместо мед).
Па, сигурни сме дека за наредниот појадок веќе имате одлична идеја, а со оваа комбинација имате многу можности за експериментирање и откривање нови вкусови.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com