Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа
-->
Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. Буквално се топат во уста.
Овој рецепт за шеќерни крофни е идеален за сите што уживаат во вкусот на цимет. Крофните се печат, наместо да се пржат, што е уште една нивна предност, а немаат ни јајца.
-->
Па, дали би ги пробале овие крофни кои се меки како душа?
Потребни состојки:
За крофните:
- 2 шолји брашно
- 1,5 шолја шеќер
- 2 лажички прашок за печиво
- 1,5 лажичка мелен цимет
- ½ лажичка сол
- 2 големи лажици пченкарен скроб измешан со 3 лажици вода
- 1,5 шолја млеко по избор
- 2 лажици несолен путер, стопено
- 2 лажички екстракт од ванила
За преливот:
- 12 лажици несолен путер, стопен
- 1 шолја шеќер
- 1 лажичка мелен цимет
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 250 степени. Премачкајте ја тавата за крофни со малку масло.
- Во длабок сад изматете ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, циметот и солта. Тргнете ги на страна.
- Ставете ги двете лажици путер во мал сад, па садот ставете го во микробранова печка за да се стопи путерот. Тргнете го на страна да се излади.
- Во помал сад измешајте ги пченкарниот скроб и водата за да добиете ретка течна смеса. На почетокот ќе биде густа и леплива, но продолжете со мешање, а по потреба додајте многу малку вода.
- Соединете ги течните состојки - смесата со пченкарниот скроб, млекото, изладениот стопен путер и екстрактот од ванила. Стопениот путер не смее да биде жежок бидејќи ако истурите топол путер во студеното млеко, тој веднаш ќе се стврдне.
- Ставете ги влажните состојки во сувите и спојте ги двете смеси со рачна маталка (жица).
- Во подмачканата тава за крофни со лажица ставајте од тестото (наполнете ги речиси до врвот). Од оваа смеса треба да имате доволно за 2 тави.
- Печете ги крофните околу 20 минути. Со чепкалка за заби проверете дали се печени (односно дали се лепи тесто на чепкалката).
- Оставете ги крофните да се изладат во тавата барем 5 минути пред да ги извадите. Ако пробате да ги извадите прерано, тие ќе се залепат и ќе се распаднат.
- Додека се ладат крофните, подгответе го преливот.
- Ставете ги 12-те лажици путер во сад и стопете го путерот во микробранова печка.
- Во друг сад спојте 1 чаша шеќер со 1 лажичка мелен цимет. Измешајте за да се соединат.
- Земете една крофна и ставете ја во растопениот путер, колку да поприми од сите страни и веднаш извадете ја. Ставете ја во садот со цимет и шеќер и убаво извалкајте ја од сите страни.
- Откако шеќерот ќе се залепи убаво за крофната, можете уште еднаш да ги извалкате во смесата со цимет и шеќер.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт
Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
-->