Рецепт за сочни „крофни“ со јаболка, цимет и карамела - Прсти да излижете

Класичните крофни оваа есен заменете ги со „крофни“ од готово лиснато тесто, со јаболка и карамела. Прсти да излижете.

sochni-krofni-so-jabolka-cimet-i-karamel-prsti-da-izlizhete-01_2.jpg

Сезоната на јаболка е во полн ек – токму затоа ви препорачуваме вкусен рецепт за необични крофни од лиснато тесто, со јаболка, цимет и карамела.

Се подготвуваат брзо и едноставно, а ќе ги обожава целото семејство.

Потребни состојки:

  • 1 пакување готово лиснато тесто
  • 3-4 јаболка
  • Малку цимет
  • Шеќер
  • Млеко
  • Готов сос од карамела

Начин на подготовка:

  • Готовото лиснато тесто ставете го на рамна подлога и со нож или тркалезен нож за сечење пица пресечете го на ленти со иста дебелина (околу 1,5cm).
  • Во длабок сад измешајте ги циметот и шеќерот (количините се по ваша желба, но ви треба само за да ги извалкате јаболката).
  • Излупете ги јаболката, исечете ги на тркалца (дебели околу 2-3mm) и од секое тркалце извадете ја средината со семките.
  • Извалкајте го секое тркалце во смесата од шеќер и цимет, па извиткајте го со по една лента лиснато тесто.
  • Вака подготвените крофни ставете ги во тава обложена со хартија за печење.
  • Премачкајте ги со малку млеко.
  • Печете во загреана рерна додека да заруменат.
  • Откако ќе се изладат, врз секоја крофна ставете сос од карамела.
  • Послужете ги со кафе, или со бело вино.

Видео постапка:

@littleblogofvegan

RECIPE: CLICK LINK IN MY BIO! PUFF PASTRY DOUGHNUTS! 🤯🍩 A cinnamon sugar apple is wrapped in flakey puff pastry, topped with caramel sauce! Perfect cozy treat for Fall! 🍂 Vegan, no-egg, no-dairy, 5 ingredient, GF option & SUPER EASY! Get the recipe: click the link in my bio or visit thelittleblogofvegan.com #puffpastry #caramelapple #fall #donuts #fallrecipes #foodtok #handpies #falltreats #appledessert #puffpastryrecipe #fallaesthetic

♬ Halloween ・ cute horror song - PeriTune

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg