Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025


Ќе барате уште едно парче: Брза торта со бисквити и афион

Од оваа смеса може да се прават и бомбици и бајадери, а оваа брза торта ќе ве освои уште на првиот залак, особено ако сте љубители на семе од афион.

kje-barate-ushte-edno-parche-brza-torta-so-biskviti-i-afion-01.jpg

Доколку сакате да пробате малку поинаков десерт, а лесен за подготовка, тогаш овој рецепт е само за вас.

На Инстаграм профилот coolinarstvo, на српската блогерка Катарина Ивановиќ е објавен рецепт за брза торта од бисквити и афион со прелив од бело чоколадо, што сигурно ќе ви се допадне.

Во подготовката речиси и да не можете да згрешите ако ги следите внимателно упатствата:

Потребни состојки:

За колач:

  • 200g семе од афион;
  • 80g шеќер;
  • 1 ќесичка ванилин шеќер;
  • Малку екстракт од ванила;
  • 4 лажици гриз;
  • 300g бисквити (мелени);
  • 150g путер;
  • 600ml млеко.

За прелив:

  • 150g бела чоколада;
  • 50ml слатка павлака.

Начин на подготовка:

  • Семето од афион, шеќерот, ванилиниот шеќер, екстрактот од ванила, гризот и млекото се ставаат во тенџере и се варат на тивок оган додека смесата малку да се згусне;
  • Во врелата смеса се додава малку омекнат путер и се чека да се стопи, па потоа се додаваат бисквититите и сите состојки се мешаат. Ако смесата е премногу густа, можете да додадете уште малку млеко;
  • Готовата смеса се става во калап за торта, се порамнува и се остава во ладилник;
  • Додека се лади тортата, на пареа се топи мешавина од бела чоколада и слатка павлака, а потоа со оваа смеса прелејте ја тортата;
  • Готовата торта се остава во ладилник да се стегне на неколку часа или преку ноќ.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg