Брзи банички со спанаќ и сирење – со готови кори и без печење
-->
Како да подготвите брзи, крцкави банички со спанаќ и со сирење за целото семејство? Веруваме дека на овој брз специјалитет од готови кори никој нема да му одолее.
Доколку и вам ви се допаѓаат бурекот и баничките со спанаќ и сирење, тогаш овој специјалитет мора да го пробате.
-->
Нема да го поминете целиот ден во месење, сукање и печење, а ќе добиете 20 банички.
Потребни состојки:
- 10 готови кори за пита (исечени на половина);
- 1 јајце;
- 150ml млеко;
- 50ml сончогледово масло;
- 200g свеж спанаќ;
- 250g младо сирење;
- 125g крем сирење;
- Малку изронета моцарела.
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се ставаат јајцето, млекото и маслото и се мешаат;
- Во друг сад се прави фил од исчистен спанаќ и трите вида сирења;
- Секоја кора се премачкува со смесата од јајце и млеко, па потоа на средина ѝ се става од филот со спанаќ и сирење;
- Прво се предиплува кората од едната страна, а потоа и од другата, за да се добијат два слоја кора еден над друг, па потоа се превиткуваат и краевите;
- Секоја баничка се потпржува на нелепливо тавче од двете страни на средна температура, односно додека корите да добијат златно кафена боја.
Видео упатство:
https://www.instagram.com/reel/Cq99kU0sXeI/
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
-->