Велигденско благо: Направете чоколадни зајчиња и јајца, полнети со путер од кикиритки
-->
Бели и чоколадни јајца и зајчиња, полнети со путер од кикиритки, кои се подготвуваат едноставно, а ќе ви ја украсат трпезата - идеален десерт за велигденските празници.
Доколку сте од оние кои сакаат трпезата да ја украсат тематски, во случајов велигденски, тогаш овие чоколадни зајчиња и јајца ќе ви завршат голема работа.
-->
Иако изгледа како долга, постапката е всушност многу едноставна и доволно ќе ви биде само еднаш да ја прочитате за да знаете што треба да правите напамет.
Потребни состојки:
- 115g солен путер, стопен и изладен
- 480g путер од кикиритки
- 50g шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 450g шеќер во прав
- 500g бел или млечен чоколаден чипс или чоколадо
Начин на подготовка:
- Измиксирајте ги стопениот путер, путерот од кикиритки, шеќерот и ванилата, додека да добиете мазна и кремаста смеса.
- Додадете го шеќерот во прав и мешајте додека не се соедини.
- Истурете ја мешавината во плех врз хартија за печење и со прсти истискајте ја смесата за рамномерно да ја распоредите, со дебелина од околу 1cm.
- Ставете ја смесата во фрижидер околу 15 минути да се излади, а откако ќе ја извадите поставете ја на даска за сечење или друга тврда површина.
- Со калапи во форма на зајак и јајце, направете форми од смесата и наредете ги во плех и вратете ги во фрижидер.
- Доколку ви остане од смесата, можете да ја повторите постапката со израмнување и повторно сечење со калапи.
- По 25 минути ладење, почнете да го подготвувате чоколадниот фил, така што ќе го стопите чоколадото (ако правите посебно бело и млечно за да имате кафеави и бели форми, ставете ги во посебен сад) во микробранова или на пареа.
- Вадете по 2 форми од фрижидерот (не сите одеднаш, бидејќи брзо омекнуваат) и увалкувајте ги убаво во стопеното чоколадо од сите страни, оставајќи вишокот да се исцеди, па редете ги на хартија за печење.
- Оставете формите да се стврднат во фрижидер, а потоа ако сакате можете да ги декорирате по желба со стопено чоколадо или со други додатоци.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради
Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...
-->
-->