Без апарат за кафе и миксер: Како да подготвите традиционално мексиканско „Кафе Лечеро“
За оние што сакаат да пробаат различни вкусови на кафе, ова е традицинален мексикански рецепт за кафе со млеко. Ова е рецепт за голема доза на кафе што можете да го послужите следен пат кога ќе ви дојдат гости.
Ова кафе ќе го подготвите само со помош на ѓезвиња или мали тенџериња, а нема да ви бидат потребни посебни апарати за кафе или миксери.
Според рецептот треба да користите мексиканска чоколада која е зачинета со цимет, но можете слободно да користите темна чоколада и да додадете од овој зачин во подготовката.
Ова е рецепт за поголема доза кафе што ќе можете да ја подготвите за гости.
Потребни состојки:
- 450ml вода;
- 4 реда темна чоколада;
- 4 големи лажици мелено кафе;
- 950ml млеко.
Начин на подготовка:
- Водата се загрева во подлабоко тенџере на средна температура и се додава темна чоколада (и цимет) и се остава да се вари со мешање околу 5 минути додека во целост да се стопи;
- Се додава меленото кафе да се свари и тенџерето се трга од оган;
- Во друго тенџере се става млекото да се загрее и се остава да врие околу пет минути, по што се трга од оган;
- По ова се зема висока чаша и до третина се полни со каде, па се додава зовриено млеко.
Видео упатство:
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
„Кромид лате“ - Би го пробале ли кафето кое (наводно) ќе биде хит во 2025-та?
Еден од коментарите за овој пијалак е: „Не, кромидот нека остане во супата! Сака...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак
Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви?
Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите?
Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...